Последната егзекуција на цивил извршена во Албанија било двојното бесење на 25 јуни 1992 година, каде браќата Дитбард и Јозеф Цуко биле обесени на јавниот плоштад во јужниот град Фиер. Смртната казна во Албанија била укината на 1 октомври 2000 година, но сепак била задржана за предавство и воени прекршоци. Причината за укинувањето на смртната казна во Албанија како и во другите европски држави е потпишувањето на Протоколот бр. 6 на ЕКЧП.
За време на комунизмот, Албанија многу ја користела смртната казна од 1941 до 1985 година.
Во 2007 година Албанија го ратификувал Протоколот бр. 13 кон ЕКЧП, со кој се укинала смртната казна под сите околности и се заменила со доживотен затвор.
Наводи
Категорија:Кршење на човековите права во Албанија Категорија:Смртна казна по земја Категорија:Албанско право