мини|150x150пкс| Локација на Камбоџа на мапата Смртната казна во Камбоџа е забранета со Уставот на земјата. Камбоџа ја укинала смртната казна во 1989 година.

Камбоџа е една од двете земји членки на АСЕАН (другата членка е Филипините) што ја укинале смртната казна.

Законодавство Уставот на Кралството Камбоџа (1993) во чл. 32 гласи:

„Сите луѓе имаат право на живот, слобода и лична сигурност. Нема да има смртна казна“.

Политика Во 1995 година, првиот премиер принцот Нородом Ранарид упатил повици за смртна казна повикувајќи убијците и трговците со дрога да бидат убиени од страна на државата.

Во 2019 година, премиерот Хун Сен изразил дека размислува на воведување на смртна казна за луѓето кои силуваат деца, но дека тоа би се случило само по национален референдум. Неколку дена по таа објава, Хун Сен го сменил својот став.

Поврзано

Смртна казна по земја Полиња за убивање

Наводи

Категорија:Смртна казна по земја Категорија:Кршење на човековите права во Камбоџа