Методи Џунов - Џико ( во — ) — македонски партизан, учесник во НОБ. Тој бил делегат на АСНОМ.
Животопис Се занимавал со земјоделие и вложувал многу труд за да го прехрани своето многучлено семејство. Во 1920 година станал член на КПЈ за Кавадарци, заедно со Ѓошо Бојаџиев и бил активен член на Комунистичкиот клуб во Кавадарци. На собирите на младинските организации на КПЈ често се пееле македонски песни, така на свадбата на Методи Манев настанала голема провокација кога членовите на Организацијата од Ваташа Методи Џунов, Борис Ташков, Ѓошо Бојаџиев, Ташо Ангелов и други, под влијание на виното започнале да пеат македонски револуционерни песни. На спротивната маса до нив како гости седеле и неколку српски чиновници, кои демонстративна ја напуштиле свадбата. Наредниот ден сите младинци од Ваташа кои ги пееле овие песни биле повикани во полициската станица во Кавадарци и биле казнети по 20 динари.
Во Ваташа била регистрирана само една ортомарска работилница во сопственост на Методи Џунов-Џико, а познато ортомарско семејство биле Пљачкови од Ваташа, кои подоцна во 1924 година се преселиле во Кавадарци.
Ѕвоното во камбанаријата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ваташа, било излеано во битолската ливница, а го подарил Методи Џунов во 1926 година, за што постои и запис на него. Активно го помагал народноослободителното движење, а неговото лозје и колиба во Моклиште, претставувале вистинска база на партизаните. По Ваташкиот масакар од 16 јуни 1943 година, во кој е убиен и неговиот син Пане Џунов, во август 1943 година Методи Џунов заедно со Ката Видикова-Ружа, Блажо Чекоров-Ѓуро, Блаже Џунов-Млаѓо, Гичо Еленов и други, се вклучиле во одредот „Добри Даскалов” и бил најстариот борец во одредот. На 2 август, Методи Џунов заедно со Никола Минчев, Диме Туриманџовски, Јован Радњански и Јован Ѓелев поп Шаќо биле избрани за делегати на Првото заседание на АСНОМ од Кавадаречка околија.
Една улица во Кавадарци е именувана по неговото име.
Поврзано
Масакр во Ваташа Ристо Џунов Тодор Џунов Блаже Џунов Пане Џунов
Наводи
Надворешни врски Илинденците се бореа во НОБ
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ