Вимблдон 2024 – мажи поединечно - бил третиот тениски гренд слем турнир, кој се одиграл во рамките на тениската сезона 2024.

Турнирот се одражал од 1 до 14 јули во All England клубот во Лондон, Велика Британија.

Во финалето на ова издание, бранителот на титулата Карлос Алкарас го совладал Новак Ѓоковиќ во реприза на финалето од претходната година, со 6–2, 6–2, 7–6(7–4) со што ја освоил титулата во машка поединечна конкуренција на Вимблдон 2024 и го одбранил насловот од претходната година. Ова бил неговиот втор триумф на Вимблдон и четвртата гренд слем титула во кариерата, со што станал шесттиот (и најмладиот) играч во Опен ерата кој освоил таканаречен Каналски Слем, да биде победник на Ролан Гарос и Вимблдон во иста година. Алкарас, исто така, станал вториот човек во Опен ерата, по Роџер Федерер, кој победил во секое од првите четири гренд слем финалиња во кои играл.

На турнирот имало дури 37 натпревари кои завршиле после пет сета, најмногу на кое било издание на гренд слемовите во Опен ерата, со што бил соборен рекордот кои го држеле Отвореното првенство на САД 1983 и Отвореното првенство на Австралија 2024.

Џовани Мпетши Перикар станал првиот среќен губитник што стигнал до четвртото коло по Дик Норман во 1995.

Носители

Јаник Синер (четвртфинале) Новак Ѓоковиќ (финале) Карлос Алкарас (победник) Александар Зверев (четврто коло) Данил Медведев (полуфинале) Андреј Рубљов (прво коло) Хуберт Хуркач (второ коло, предадено) Каспер Руд (второ коло) Алекс де Минор (четвртфинале, се повлекол) Григор Димитров (четврто коло, предадено) Стефанос Циципас (второ коло) Томи Пол (четвртфинале) Тејлор Фриц (четвртфинале) Бен Шелтон (четврто коло) Холгер Руне (четврто коло) Иго Умбер (четврто коло)

Феликс Оже-Алијасим (прво коло) Себастијан Баес (прво коло) Николас Хари (прво коло) Себастијан Корда (прво коло) Карен Хачанов (второ коло) Адријан Манарино (прво коло) Александар Бублик (трето коло) Алехандро Табиљо (трето коло) Лоренцо Музети (полуфинале) Франсиско Серундоло (прво коло) Талон Грикспор (второ коло) Џек Дрејпер (второ коло) Франсес Тиафо (трето коло) Томас Мартин Ечевери (второ коло) Маријано Навоне (прво коло) Жанг Жижен (второ коло)

Жреб

Завршница на турнирот

Горна половина на жребот Сектор 1

Сектор 2

Сектор 3

Сектор 4

Долна половина на жребот Сектор 5

Сектор 6

Сектор 7

Сектор 8

Финале

Финалето на Вимблдон 2024 - мажи поединечно бил последниот натпревар на турнирот со кој бил одлучен победникот на турнирот во машка поединечна конкуренција. Во реприза на финалето од претходната година, во него одново се сретнале бранителот на титулата Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ. Ова било првпат во финалето да играат двајца играчи две години по ред, после финалињата во 2014 и 2015 година, кога еден против друг се нашле Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Во ова финале, како и минатата година, победник бил Карлос Алкарас кој го победил Ѓоковиќ во три сета со 6–2, 6–2, 7–6(7–4), со што ја освоил својата втора титула на Вимблдон. Исто така, тој станал деветтиот играч во Опен ерата кој ја одбранил титулата на Вимблдон.

Натпреварот траел 2 часа и 27 минути и првпат по шест години финалето на Вимблдон во сингл за мажи било решено во три сета. Последен пат пред ова, тоа се случило во финалето 2018, кога токму Ѓоковиќ бил победник совладувајќи го Кевин Андерсон со истиот резултат со кој во ова финале бил поразен 6–2, 6–2, 7–6(7–3).

Преглед на натпреварот Финалето протекло во целосна доминација на бранителот на титулата Алкарас, кој бил во постојано водство уште од почетокот. Уште во првиот гем на сервис на Ѓоковиќ, кој бил неизвесен со 20 одиграни поени и траел 15 минути, Алкарас направил брејк и стекнал рано водство. Во продолжение на првиот сет, шпанскиот тенисер ја чувал предноста од еден брејк до резултат 3-1, кога уште еднаш му го одзел сервисот на Ѓоковиќ за да го добие сетот со убедливи 6-2.

Слично, како во првиот се одвивале работите и во вториот сет: Алкарас одново направил брејк во првиот гем, за потоа да направи уште еден и да го затвори и овој дел од играта со идентични 6-2 за 2-0.

Дури во третиот сет, Ѓоковиќ заиграл подобро, пред се го "пронашол" првиот сервис, но Алкарас и понатаму бил на високо ниво и по осум гема кој оделе на страната на играчот кој сервирал во деветтиот гем Алкарас направил брејк и изборил сервис за победа. Во тој гем, бранителот на титулата стигнал до 40-0 и три меч топки, но откако не успеал да реализира ниту една од нив, Ѓоковиќ со пет поена по ред успеал да му го одземе сервисот за првпат во мечот и да се врати во игра. Откако во следните два гема немало брејк, третиот сет бил решен во тајбрејкот, каде подобар бил Алкарас со 7-4, користејќи ја својата четврта меч топка за одбрана на титулата.

Статистика Категорија Алкарас Ѓоковиќ Асови 5 8 Двојни грешки 6 4 Погоден прв сервис % Освоени поени на прв сервис Освоени поени на втор сервис Поени на мрежа Брејк шанси Поени на ритерн Винери42 26 Неизнудени грешки24 25 Винери-Неизнудени грешки+18 +1 Вкупно освоени поени109 87 Вкупно освоени гемови19 10 Извор:https://www.wimbledon.com/en_GB/scores/results/index.html

Наводи

Надворешни врски Жреб

2024 мажи поединечно Вимблдон