Општина Домжале ( — општина во средна Словенија. Во 2020 г. населението броело 36.648 жители. Седиште на општината е градот Домжале.

Географија Општината лежи близу подножјето на Камничките Алпи и низ неа тече реката Камнишка Бистрица која извира од тие планини. Пределите се одликуваат со шумовити ридови и обработливи низини.

Населени места Општината ги опфаќа следниве населени места:

Бишче Брдо Брезје кај Доб Брезовица кај Доб Вир Горичица кај Ихан Горјуша Депала Вас Доб Добовље Долење Домжале Драгомељ Жеје Желодник Жиче Заборшт Загорица кај Рова Залог под Света Тројица Згорње Јарше Ихан Јасен Кокошње Количево Коловец Кртина Лазе кај Домжале Мала Лока Ножице Подречје Прелог Пресерје кај Радомље Пшата Радомље Рача Рачни Врх Рова Родица Света Тројица Село кај Ихан Сподње Јарше Средње Јарше Студенец кај Кртина Турнше Хомец Худо Чешеник Шентпавел кај Домжале Шкоцјан Шкрјанчево

Историја Во месноста Бабја Јама кај селото Горјуша се пронајдени остатоци од живеалиште на ловец од леденото време, старо 15.000 години. Постојат и археолошки наоди од илирски и келтски населби од предримско време. Римските наоди датираат од времето на патот кој ги поврзувал Аквилеја, Емона (денешна Љубљана и Целеја (денешно Цеље). Подрачјето за првпат се споменува во документите во XII век. Месниот благородник Адам Равбар, поседник на замокот Крумперк, извојувал победа во Битката кај Сисак во 1593 г. поразувајќи ја османлиската војна. Стопанскиот развој се забрзал во XIX век со индустријализацијата на месниот занает сламарство.

Наводи

Надворешни врски

Портал на Општина Домжале Општина Домжале на Геопедија

Домжале Домжале Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година