Палеомонастиро (, во прев. Стар Манастир) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гребен на Гребенскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на селото Балтино, во пределите на планината Пинд и блиску до границата со Тесалија.

Историја Палеомонастиро била колибарска сточарска населба сместена крај стар манастир, по кој е наречена. Во 1920 г. е забележано со 7 жители. Малку подоцна се распаднала, и не се спомнува во понатамошните пописи.

Наводи

Категорија:Историски села во Гребен