Вука Ангеловска - Врвка (во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Монополска работничка. Учествувала вo народноослободителното движење од почетокот на вооруженото востание. Собирала народна помош, давала лична помош, учествувала пo проучувањето на напредна литература. Во август 1944 година стапила во единиците на НОВ и ПОМ, во пионерскиот баталјон на Козјак. Била делегат на вод и вршела санитетска служба во чета. Како борец учествувала во борбите против бугарската војска кај манастирот Карпино. Учествувала во акциите на патот Куманово - Ќустендил. Во септември 1944 година кога од Кривопаланечкиот баталјон и Пионерскиот баталјон била формирана Седумнаесеттата македонска ударна бригада, била назначена за санитетски референт на баталјонот и младински раководител. Учествувала вo борбите за ослободување на Куманово и Скопје. По ослободувањето на Скопје работела како воен службеник во заднинските воени единици.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ