Адам Ричард Вајлс (англ. Adam Richard Wiles; роден на 17 јануари 1984 година), професионално познат како Калвин Харис (англ. Calvin Harris) ― шкотски диџеј, музички продуцент, пејач и текстописец. Првиот студиски албум, I Created Disco, го објавил во 2007 година. Неговиот втор албум, Ready for the Weekend (2009), дебитирал на врвот на топ-листата за албуми во Велика Британија; водечкиот сингл од албумот, „I'm Not Alone“, станала прва негова песна која се искачила на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија.
На светската музичка сцена се пробил со песната „We Found Love“ која Калвин Харис ја продуцирал и ја извел со пејачката Ријана. Песната се нашла на врвот на топ-листите во 27 земји и соборила многу светски рекорди. Во 2017 година, со неговиот петти студиски албум, Funk Wav Bounces Vol. 1, го променил музичкиот стил и од електро-денс музика се префрлил на фанк.
Калвин Харис станал прв соло-изведувач од Обединетото Кралство кој достигнал повеќе од една милијарда емитувања на Spotify. Добил 23 номинации за Британски музички награди, а во 2019 година ги добил наградите британски продуцент на годината и британски сингл на годината. Во 2013 година добил Греми за најдобро музичко видео, а истата година ја освоил и наградта Ајвор Новело. Шест последователни години (од 2013 до 2018 година) бил на врвот на списокот на „Диџеи со највисока заработка во светот“ објавуван од списанието Форбс, а во 2019 година врвот им го отстапил на Chainsmokers.
Живот и кариера Адам Ричард Вајлс е роден на 17 јануари 1984 година во Дамфрис. Неговите родители се Англичани кои пред да се преселат во Дамфрис живееле во Оксфорд.Douglas Wight (2015).
Со електронска музика почнал да се занимава во неговите тинејџерски години и почнал да снима демо-снимки во 1999 година. На 18 години објавил две песни, „Da Bongos“ и „Brighter Days“; на почетокот од 2002 година тие биле издадени како 12-инчни клупски синглови и со нив Харис се преселил од Шкотска во Лондон со надеж дека ќе се пробие на тамошната музичка сцена. За време на неговиот престој во Лондон објавил само една песна, „Let Me Know“. Поради тешката финансиска состојба, се вратил во Дамфрис и почнал да објавува композиции на неговата страница на Мајспејс."Calvin Harris: fish factory to fame". Поради популарноста на неговите песни на социјалните медиуми, Марк Џилеспи, кој тукушто основал компанија за менаџмент, го убедил Харис да стане прв потписник за компанијата. Џилеспи сѐ уште го застапува Харис.
2006–2008: Почетоци на кариерата Во 2006 година, откако бил откриен на Myspace, Харис потпишал договори со: Three Six Zero Group (менаџмент), EMI (објавување) и Sony BMG (снимање).
Првиот албум на Харис, I Created Disco, бил објавен во јуни 2007 година. Сите песни од албумот биле напишани, продуцирани и изведени исклучиво од Харис. На албумот му претходеле сингловите „Acceptable in 80s“ и „The Girls“; и двете песни се пласирале во топ-десет на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство. За да го промовира I Created Disco, Харис бил на турнеја низ ОК, како поддршка за Faithless и Groove Armada. десно|мини|300x300пкс| Харис настапува на Eurockéennes (2008) Истата година, по успехот на албумот, Харис почнал да соработува со австралиската поп-пејачка Кајли Миног. Тој за неа конапишал и продуцирал две песни: „Heart Beat Rock“ и „In My Arms“. Харис, исто така, придонел со песната „Off & On“ за албумот од Рошин Марфи, Overpowered, но таа не била вклучена на албумот. Харис подоцна песната ѝ ја дал на Софи Елис-Бекстор за да ја сними за нејзиниот албум „Make a Scene“ од 2011 година. Харис исто така продуцирал ремикс на вториот сингл „4th of July (Fireworks)“ од албумот на Келис, Flesh Tone.
Во 2008 година, Харис соработувал со раперот Дизи Раскал на неговиот сингл „Dance wiv Me“. Синглот четири недели бил на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија и во 2009 година бил номиниран за Брит-награда за „Најдобар британски сингл“ и за Ајвор Новело за „Најдобра современа песна“.
2008–2010: Популарност во Обединетото Кралство лево|мини| Харис на настап во Венеција, 2010 година Вториот албум на Харис, Ready for the Weekend, бил издаден во август 2009 година и дебитирал на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство. „I'm Not Alone“, издаден како водечки сингл од албумот во април 2009 година, дебитирал на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Следниот сингл „Ready for the Weekend“ стигнал до трето место, а третиот сингл, „Flashback“, со јорданскиот пејач Ајах Марар стигнал до 18-то место во ОК. На Британските музички награди во 2010 година, Харис бил номиниран за најдобар британски пејач."2010 Brit Awards nominations in full".
На 8 февруари 2010 година, „You Used to Hold Me“ бил издаден како четврти и последен сингл од албумот. Истата година објавил неколку ремикси од: „She Wolf“ од Шакира, „Waking Up in Vegas“ од Кети Пери, „Supernova“ од Мистер Хадсон (со Кање Вест) и „We Are Golden“ од Мика.
2011–2013: Пробив на светската музичка сцена мини|Харис настапува во округот Оринџ, Калифорнија (2011) Во јуни 2011 година Харис во соработка со Келис го издал синглот „Bounce“, прв сингл од неговиот следен албум. „Feel So Close“, втор сингл од албумот, бил издаден во август 2011 година. „Feel So Close“ станала негова прва соло-песна која се пласирала на американската Billboard Hot 100 топ-листа (12-то место).
По турнејата како поддршка на Ријана во Австралија, Харис за неа ги продуцирал песните „We Found Love“ и „Where Have You Been“. Песната „We Found Love“ се нашла на врвот на топ-листите во 27 земји и соборила многу светски рекорди. Песната 10 непоследователни недели била на врвот на Billboard Hot 100, била прва песна на Харис на прво место на американската топ-листа и исто така била песна од Ријана која најдолго се задржала на прво место на американската топ-листа и песна која најдолго се задржала на прво место на топ-листата во 2011 година. „We Found Love“ подоцна била рангирана на 24-то место на списокот на „Најдобрите 100 песни на сите времиња на Billboard Hot 100“.Bronson, Fred. Во 2013 година, списанието Билборд ја ставил „We Found Love“ на трето место на „Топ-10 денс-поп соработки на сите времиња“.
Харис бил котекстописец и копродуцент на песната „One Life“ од R&B пејачката Мери Џеј Блајџ. Тој, исто така, соработувал со поп-групата Scissor Sisters на песната „Only the Horses“. Го напишал и продуцирал синглот од Шерил Кол, „Call My Name“, водечки сингл од нејзиниот трет албум A Million Lights. Исто така продуцирал ремикс од песната „Spectrum“ од Florence and the Machine под наслов „Spectrum (Say My Name)“. Песната била издадена како петти сингл од албумот (5 јули 2012 година). Станал прв сингл од групата кој се искачил на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија. мини|Харис настапува во Рок во Рио, Мадрид, 2012 година Третиот сингл од албумот, „Let's Go“ во соработка со Не-Јо, бил издаден во април 2012 година. Песната била номинирана за „Најдобар денс-запис“ на Греми-наградите во 2013 година. Ги објавил и сингловите: „We'll Be Coming Back“ со раперот Example (јули 2012), „Sweet Nothing“ на кој пее Флоренс Велч од Florence and the Machine (14 октомври 2012).
Неговиот трет студиски албум, 18 Months, бил издаден на 29 октомври 2012 година. Харис станал прв музичар кој имал осум топ-10 синглови од еден студиски албум на британската топ-листа за синглови, соборувајќи го претходно поставениот рекорд од Мајкл Џексон. Во март 2017 година, рекордот бил надминат од Ед Ширан кој имал 10 топ-10 песни од еден албум на британската топ-листа. 18 Months бил номиниран за најдобар денс/електронски албум на 56-тите Греми награди."Grammy Awards 2014: Full Nominations List". Харис исто така бил номиниран за најдобар британски машки соло изведувач на Британските музички награди во февруари 2013 година."Brit Awards 2013 Nominations in full".
Харис бил хаус-диџеј на МТВ видео музичките награди во 2012 година одржани во Лос Анџелес, каде што ја освоил наградата за најдобро електронско видео за „Feel So Close“ и заедно со Ријана ја освоил наградата за „Видео на годината“ за „We Found Love“. На доделувањето на наградите Ivor Novello во 2013 година, Харис добил „Ајвор Новело“ награда за „Текстописец на годината“, а Харис тоа го нарекол „мое најголемо достигнување во животот“. Во 2012 година, Харис објаснал зошто не сака повеќе да пее на песните, рекол: „Сакам секоја песна да биде колку што е можно подобра, што обично подразбира дека не треба да пеам на неа“.
2013–Денес: Следни изданија и признанија лево|мини| Харис на настап во Хард Рок хотел и казино, 2014 година Според Форбс, Калвин Харис бил диџеј со највисока заработка во 2013 и во 2014 година. Харис го продуцирал синглот „I Will Never Let You Down“ за пејачката Рита Ора. На 18 мај 2014 година, песната дебитирала на првото место на топ листата за синглови во Велика Британија, две недели претходно неговата песна „Summer“ дебитирала на врвот на топ-листата.
Неговиот четврти албум, Motion, бил издаден на 4 ноември 2014 година. На него се наоѓале претходно објавените синглови: „Under Control“, „Summer“, „Blame“ и „Outside“. Уште еден сингл од албумот, „Pray to God“ во соработка со рокгрупата Haim, бил објавен на 11 февруари 2015 година. „Summer“ бил номиниран за „Најдобар британски сингл“ и „Видео на годината од британски изведувач“ на доделувањето на Британските музички награди во 2015 година. На доделувањето на наградите „Британски Гламур“ за 2015 година, одржани на 2 јуни во Лондон, Харис бил прогласен за „Маж на годината“.
На 17 јули 2015 година, Харис и лондонското продукциско трио Disciples го објавиле синглот „How Deep Is Your Love“. Песната се искачила на прво место на ARIA; ова било прв пат Харис да биде на врвот на топ-листата во Австралија. На доделувањето на Британските музички награди во 2016 година, Харис бил номиниран во три категории: најдобар британски машки соло изведувач, „How Deep Is Your Love“ била номинирана за британски сингл на годината и за најдобро британско видео.
На 29 април 2016 година, Харис објавил нов сингл под наслов „This Is What You Came For“, на кој пее Ријана, а котекстописец е Тејлор Свифт. Синглот дебитирал на второ место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство, се искачил на трето место на американскиот Билборд Хот 100 и на врвот на топ-листите во Австралија, Канада и Ирска. На топ-листите во Германија, Нов Зеланд и Швајцарија се пласирала меѓу првите десет.
На 31 март 2017 година Харис објавил песна во соработка со Јанг Таг, Аријана Гранде и Фарел Вилијамс насловена како „Heatstroke“. На 30 јуни 2017 година го издал неговиот петти студиски албум, Funk Wav Bounces Vol. 1. На албумот гостувале: Тревис Скот, Келани, Фјучр, Кети Пери, Биг Шон, Џон Леџенд, Калид, Schoolboy Q, DRAM, Ники Минаж, Лил Јахти, Џеси Рејз, PartyNextDoor и Снуп Дог.
Во 2018 година, Харис ги издал сингловите: „Nuh Ready Nuh Ready“ во соработка со PartyNextDoor, „One Kiss“ со Дуа Липа, „Promises“ со Сем Смит, „I Found You“ во соработка со Бени Бланко. Во 2018 година, Калвин Харис шеста година по ред бил на врвот на списокот од диџеи со највисока заработка на светот според Форбс (2013–2018).
Неговиот следен сингл „Giant“, соработка со англискиот пејач Rag'n'Bone Man, бил објавен во јануари 2019 година.
Во 2020 година, Харис објавил две ЕР-a, Love Regenerator 1 и Love Regenerator 2, под псевдонимот Love Regenerator. Третото EP Love Regenerator 3 било објавено на 13 март 2020 година.
На 28 август 2020 година, Харис ја објавил песната „Over Now“ во соработка со канадскиот пејач The Weeknd.
На 4 јуни 2021 година, Харис ја објавил песната By Your Side“ со Том Гренан.
На 5 август 2022 година, Харис го објавувил неговиот шести албум, Funk Wav Bounces Vol. 2. На албумот меѓу другите гостуваат: Чарли Пут, Холзи и Џастин Тимберлејк. Водечкиот сингл од албумот, „Potion“, соработка со англиската пејачка Дуа Липа и американскиот рапер Јанг Таг, бил објавен на 27 мај 2022 година.