Примеира лига 2023-2024 (позната и како Liga Portugal Betclic 2023-2024, поради спонзорски причини) било 90-тото издание на Примеира лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги во Португалија. Сезоната започнала на 11 август 2023, а завршила на 19 мај 2024.
Екипата на Бенфика влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Сегунда лига 2022-2023. Тие ги замениле Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во второто ниво за сезоната 2023-2024.
На 5 мај 2024, Спортинг Лисабон станал шампион во ова издание на лигата, на две кола пред крајот, по поразот на нивниот најголем конкурент Бенфика со 2–0 на гости кај Фамаликао, освојувајќи ја 20-тата првенствена титула во историјата на клубот и прва од сезоната 2020–2021. Тие, заедно со Бенфика, исто така, се квалификувале за Лигата на шампионите 2024-2025. Третопласираниот Порто, кој воедно бил и освојувач на Купот на Португалија, се квалификувал за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2024-2025, а за истото натпреварување се квалификувала и четвртопласираната Брага, која ќе започне од второто квалификациско коло. Петтопласираната екипа, Виторија Гимараеш, се квалификувала за УЕФА Лигата на конференции 2024-2025.
Трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Визела, Шавеш и Портимоненсе, последните како поразени во баражот за опстанок.
Најдобар стрелец во оваа сезона бил Виктор Ѓекереш од шампионот Спортинг Лисабон со 29 гола.
Општо Формула Откако Португалија паднала од шесттото на седмото место на УЕФА коефициентот по крајот на сезоната 2022–2023, загубила едно место во Лигата на шампионите и сега само двете најдобропласирани екипи можат да се квалификуваат за ова натпреварување (шампионот влегува директно во групната фаза, а второпласираниот започнува од третото квалификациско коло). Победникот на Купот на Португалија се квалификува за групната фаза на Лига Европа, додека третопласираната екипа се квалификува за второто квалификациско коло во истото натпреварување. Четвртопласираната екипа, пак, се квалификува за второто квалификациско коло на Лигата на конференции. Претпоследно и последнопласираната екипа испаѓаат во Сегунда лига, додека екипата која ќе заврши на 16-тото место, ќе игра бараж за опстанок со третопласираната екипа од второто ниво, по кои победникот ќе игра во Примеира лига следната сезона, додека поразениот во Сегунда лига.
Промена на екипи Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи во лигата, кои избориле промоција во Сегунда лига 2022-2023, заменувајќи ги Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи испаднале во претходната сезона. Мореиренсе се вратиле во највисоката фудбалска дивизија на Португалија после само една година отсуство, Фаренсе после две, додека Ештрела Амадора изборила промоција во Примеира лига за првпат во нејзината историја од реосновањето на клубот во 2020 година, или по четиринаесет години отсуство, ако се смета кога за последен пат во лигата се натпреварувал клубот со истото име кој банкротирал во 2011 година.
Оваа сезона, исто така, била одбележана како прва сезона од 1984–1985 во која нема екипи од Азорите или Мадејра островите во првата лига.
Екипи
Екипи учеснички
Екипи по окрузи МестоОкрузи во ПортугалијаБр. на екипиЕкипи1 Брага6, , , , и 2 Лисабон5, , , и 3 Порто3, и 4 Фаро2 и 5 Авеиро1 Вила Реал
Стадиони и локации
ЕкипаСезонаГрад СтадионПретходна сезона детали Ароука Мунисипал де Ароука 5. место во Примеира лига детали Лисабон Стадион Луж 1. место Примеира лига, шампион на Португалија детали Порто Беса 9. место во Примеира лига детали Брага Мунисипал де Брага 3. место во Примеира лига детали Визела Стадион на ФК Визела 11. место во Примеира лига детали Гимараеш Стадион „Дон Афонсо Енрикеш“ 6. место во Примеира лига детали Ешторил Стадион „Антонио Коимбра да Мота“ 14. место во Примеира лига детали Амадора Стадион „Жозе Гомеш“ 3. место во Сегунда лига, промоција во Примеира лига детали Барселош Градски стадион во Барселош 13. место во Примеира лига детали Лисабон Мунисипал де Рио Мајор 10. место во Примеира лига детали Мореира де Конегош Парк „Жоаким де Алмеида Фреиташ“ 1. место во Сегунда лига, промоција во Примеира лига детали Портимао Мунисипал де Портимао 15. место во Примеира лига детали Порто Драгао 2. место во Примеира лига детали Вила до Конде Мунисипал дош Аркош 12. место во Примеира лига детали Лисабон Стадион „Жозе Алваладе“ 4. место во Примеира лига детали Вила Нова де Фамаликао Мунисипал 22 јуни 8. место во Примеира лига детали Фаро Стадион де Саун Луиш 2. место во Сегунда лига, промоција во Примеира лига детали Шавеш Мунисипал де Шавеш 7. место во Примеира лига
Личности и спонзори Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец Опрема Спонзор Даниел Рамош (1-11. коло) Даниел Соуса (12-34. коло) Давид Симао Рафа Мухика (20) Skita ConstruçõesCarlos Pinho Рогер Шмит Николас Отаменди Рафа Силва (14) Adidas Emirates Пети (1-13. коло) Рикардо Паива (15-29. коло) Жорже Симао (30-34. коло) Себастијан Перес Роберт Боженик (9) Kelme Placard Артур Жорже (1-27. коло) Руи Дуарте (28-34. коло) Рикардо Орта Симон Банза (21) Puma Moosh Пабло Виљар (1-14. коло) Рубен де ла Барера (15-34. коло) Саму Самуел Есенде (15) Kappa Solverde Морено (1. коло) Пауло Тура (3-7. коло) Алваро Пачеко (8-34. коло) Андре Андре Жота Силва (11) Macron Placard Алваро Пачеко (1-6. коло) Васко Сеабра (7-34. коло) Дани Фигуеира Алехандро Маркес (9) Kappa Solverde Сержо Виеира Киалонда Гашпар Кикас (7) Umbro Различни спонзори Витор Кампелос (1-29. коло) Тоже Мареко (30-34. коло) Рубен Фернандеш Максим Домингес (6) Lacatoni Barcelos Tourism Филипе Мартинс (1-5. коло) Гонсало Сантош (6-34. коло) Анџело Нето Клејтон (8) Adidas ESC Online Руи Боржеш Педро Амадор Андре Луиш (6) CDT Placard Пауло Сержо Карлињос Карлињос (9) Mizuno Ceremony Сержо Консеисао Пепе Еванилсон (13) New Balance Betano Луиш Фреире Витор Гомеш Емануел Боатенг (7) Puma Solverde Рубен Аморим Себастијан Коатес Виктор Ѓекереш (29) Nike Betano Жоао Педро Соуса (1-26. коло) Армандо Еванџелиста (27-34. к.) Ричели Џондер Кадис (15) Macron Placard Жозе Мота Фабрисио Исидоро Бруно Дуарте (13) Lacatoni Placard Жозе Гомеш (1-5. коло) Морено (6-34. коло) Жоао Кореја Ектор Ернандес (14) Lacatoni Forte de SãoFrancisco Hotel
Завршна табела </small> Екипа 1.903429329629+67 2. 803425547728+49 3.723422666327+36 4.683421587150+21 5.633419695238+14 6.5534167113635+1 7.4634137145153-2 8.42341012123741-4 9.3834108163850-12 10.3734107174651-5 11.373461993843-5 12.363499164252-10 13.333496194959-10 14.3334712153353-20 15.3234711163962-23 16.323488183972-33 17.2634511183666-30 18.233458213172-38 </div> Легенда: Шампион на Португалија и се квалификува за УЕФА Лига на шампиони 2024-2025 Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2024-2025 Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2024-2025 Се квалификува за второто квалификациско коло на УЕФА Лига Европа 2024-2025 Се квалификува за УЕФА Лига на конференции 2024-2025 Ќе игра во Баражот промоција-испаѓање Испаѓа во Сегунда лига 2024-2025
Нотес: Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Рангирањето се спроведува согласно следните критериуми: Освоени бодови Освоени бодови во меѓусебните натпревари Гол разлика во меѓусебните натпревари Головите постигнати на гостински терен во меѓусебните натпревари Вкупна гол разлика Добиени натпревари Вкупно постигнати голови Бараж
Шампионскиот тим
Формација (3-4-3) Играчи (настапи) Адан (22) Усман Диоманде (26) Себастијан Коатес (29) Гонсало Инасио (32) Рикардо Ешгајо (28) Мортен Хјулманд (30) Хидемаса Морита (29) Нуно Сантош (31) Франсиско Тринкао (31) Виктор Ѓекереш (33) Педро Гонсалвеш (32) Менаџер: Рубен АморимОстанати играчи: Паулињо (31), Даниел Браганса (28), Жени Катамо (27), Матеус Реис (27), Маркус Едвардс (26), Едуардо Кварежма (20), Џери Сент Жуст (11), Франко Исраел (10), Луиш Нето (7), Иван Фреснеда (5), Коба Коиндреди (4), Дарио Есуго (4), Диого Пинто (2), Рафаел Понтело (1), Матеуш Фернандеш (1), Мигел Менино (1), Афонсо Мореира (1), Франсиско Силва (1).
Бараж промоција-испаѓање Во баражот за промоција и испаѓање играат шеснаесеттопласираната екипа во Примеира лига и третопласираната екипа во Сегунда лига. Резултати Град и дата 1 - 2 Портимао, 25 мај 2024 2 - 1 Вила даш Авеш, 2 јуни 2024
Статистика Екипна Лидери на табелата
Создавање на пласманот 1.2.3.4.5.6.7.8.9.10.11.12.13.14.15.16.17.18.19.20.21.22.23.24.25.26.27.28.29.30.31.32.33.34. Арука34566666 6 6 6 9 10 13 16 16 16 19 22 25 28 28 31 34 34 34 3740 43 44 4546 46 46 Бенфика036912151821 22 25 28 29 30 33 36 39 42 45 48 51 52 55 5858 61 64 6767 70 73 76 7679 80Боавишта3671013131415 15 15 15 15 15 16 16 17 20 20 20 21 24 24 24 25 28 28 2929 29 30 30 3131 32Брага03477101316 17 20 23 26 29 29 32 33 33 36 37 40 40 43 46 49 50 5356 56 59 62 6265 68 68Визела01144556 6 9 10 10 10 11 12 13 13 13 13 13 16 16 17 18 21 21 2121 21 21 22 22 2526Виторија Гимараеш36999101316 19 19 19 22 25 26 29 30 33 36 36 39 40 41 41 44 47 50 53 56 5757 60 6060 63Ешторил03333444 4 7 10 10 13 14 17 17 17 17 18 21 21 21 22 22 22 25 2829 29 30 3333 3333Ештрела Амадора00344558 11 11 11 12 15 16 16 17 18 18 18 18 21 21 22 22 25 26 26 27 28 29 2930 3033Жил Висенте33336699 10 10 11 11 12 12 15 15 16 19 22 22 22 25 26 27 28 28 2828 28 31 32 3336 36Каса Пиа33458999 10 10 10 13 13 16 16 19 1919 19 20 20 23 26 27 27 27 3031 3232 3535 35 36Мореиренсе0114471011 14 17 20 21 22 25 26 26 2929 32 32 35 35 38 39 39 42 42 43 43 43 46 4952 55Портимоненсе00125588 11 11 14 14 15 15 15 15 18 18 21 21 21 22 22 23 23 2323 26 2728 28 28 2932Порто3691013161619 22 22 25 28 31 31 34 35 3841 44 45 45 48 4952 55 58 58 58 5962 63 6669 72Рио Аве33345555 5 8 9 10 11 12 12 15 15 16 17 18 21 21 22 23 24 25 2629 30 31 32 35 3637Спортинг Лисабон3691013161922 25 28 28 31 31 34 37 40 43 46 49 49* 52* 55* 56*59* 62* 65* 68*71* 74* 80 81 84 8790Фамаликао34478111212 12 15 16 16 17 18 18 19 22 22 22 22* 23* 26* 26* 27* 27* 28* 31*34* 35*36 3639 4242Фаренсе00336667 10 13 16 16 17 18 18 21 2124 24 25 26 26 2626 26 27 2730 31 31 3437 37 37Шавеш00000147 7 7 7 10 10 10 10 11 11 12 13 14 14 17 18 18 19 19 19 19 2223 23 23 2323
Поединечна Листа на стрелци Ажурирано на 18 мај 2024.
Награди Месечни награди
Годишни награди Тим на годината Тим на годината Голман Рикардо Вељо (Фаренсе) Одбрана Коштиња (Рио Аве) Себастијан Коатес (Спортинг Л.) Усман Диоманде (Спортинг Л.) Гонсало Инасио (Спортинг Л.) Среден ред Жота Силва (В. Гимараеш) Жоао Невеш (Бенфика) Мортен Хјулманд (Спортинг Л.) Педро Гонсалвеш (Спортинг Л.) Рафа Мухика (Ароука) Напад Виктор Ѓекереш (Спортинг Л.)
Наводи
Надворешни врски Матична страница
Категорија:Фудбалот во Португалија Примеира лига