Шимун Милиновиќ (Опанци во близина на Ловриќ, Австриско Царство, 24 февруари 1835 година — Стари Бар, Кнежество Црна Гора, 24 март 1910) — хрватски епископ и францисканец, надбискуп на Бар и примат на Србија.

Роден е во селото Ловриќ во австриската покраина на Кралството Далмација. За свештеник бил ракоположен на 11 април 1859 година. Во 1862 година оди во Виена каде студира историја, географија и славистика. По студиите, се вратил во Сињ во 1865 година, каде што предавал во гимназијата.

Во 1886 година папата Лав XIII го именувал за барски надбискуп. Во 1902 година добива потврда за титулата примат на Србија. На надбискупското место останал до неговата смрт во 1910 година.

Наводи

Литература

Надворешни врски Фра Милиновић као српски „првостолник” („Политика”, 11. децембар 2022)

Категорија:Починати во 1910 година Категорија:Родени во 1835 година Категорија:Хрватски бискупи