Ростислав Михајлович (, бугарски и руски: Ростислав Михайлович) (по 1210 / ок. 1225 – 1262) бил руски кнез и достоинственик во Унгарското кралство.

Тој бил кнез на Новгород (1230), на Галич (1236–1237, 1241–1242), на Луцк (1240), и на Чернигов (1241–1242). Кога не можел да ја зацврсти својата власт во Галич, отишол на дворот на унгарскиот крал Бела IV, каде што се оженил се неговата ќерка Ана.

Тој бил бан на Славонија (1247–1248), а подоцна и господар на Мачва (по 1248–1262), и на тој начин управувал со јужните делови на кралството. Во 1257, тој го зазел Видин а потоа се прогласил за цар на Бугарија.

Наводи

Категорија:Кнезови на Новгород Категорија:Починати во Белград