Никола Пијанманов (Струмица, 1981) – македонски сликар.

Животпис Пијанманов е роден во Струмица, во 1981 година. Во Скопје завршил средно уметничко училиште, а во 2005 година дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на проф. Рубенс Корубин. Работи како уметнички организатор на Здружението за култура Транзен.Современост број 3/2023, стр. 11.

Творештво Пијанманов, кој е член на ДЛУМ, активно се занимава со сликарство, скулптура, сценографија и дизајн на плакати. Остварил повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и во странство. Покрај тоа, промовирал и рецензирал повеќе изложби. Во 2022 година остварил студиски престој во Париз. Тој е куратор и уредник на на традиционалната групна ликовна изложба „Несовршен простор“. Исто така, тој пишува рецензии, есеи и текстови во списанијата „Премин“ и „Зенит“

Наводи

Категорија:Македонски сликари Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Родени во 1981 година