За истоимениот татко на Ное, видете Ламех (татко на Ное). мини|270x270пкс|Ламех го убива Каин Ламех () — шестиот потомок од Адам во поколението на Каин;Бит. 4:18 син на Матусал; во Библијата се споменува како прв што вовел многуженство — имал „две жени: името на едната: Ада, а името на втората: Цила“. Тој бил татко на три сина Јавал, Јувал (од Ада) и Тувал-Каин, познат по разни пронајдоци, и ќерка Ноема (последните двајца од Цила). Песната упатена од Ламех до неговите сопруги Ада и Цила, е првиот пример на поетски говор и ги има сите карактеристични црти на еврејскиот паралелизам.Ламех // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски(
Коментаторот Раши раскажал приказна каде слепиот Ламех го водел неговиот син Тувал-Каин. Ламех, следејќи ги упатствата на Тувал-Каин, фрлил стрела мислејќи дека е насочена кон ѕвер. Наместо тоа, тој случајно го убил Каин. Потоа, во своја неволја, Ламех случајно го убил и Тувал-Каин. По ова, неговите жени го напуштиле.Лемех // Еврейская энциклопедия Брокгауза и Ефрона. — СПб., 1908—1913. (руски)
Приказна
Родословие А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!“ И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне. И си отиде Каин од пред лицето на Господ, и се насели како прогонет во земјата Нод, источно од Едем. И легна Каин со жената своја, и таа забремени и го роди Енох. Потоа соѕида град и го нарече според името на својот син — Енох. На Енох му се роди Ирад; а Ирад го роди Мехујаел; Мехујаел, пак, го роди Матусал, а Матусал го роди Ламех.
—Бит. 4:15–18Во Библијата, Ламех првпат се споменува во Битие 4:18 како син на Матусал и потомок на Каин. Имал две жени, Ада и Цила, што го прави првиот маж со повеќе жени. Во еден миг, тој зборувал со своите жени, велејќи: „Ада и Цила, чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: убив човек поради рана и младич заради модрица. Ако за Каин треба да се одмазди седумпати, за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!“ Точното значење на зборовите на Ламех е нејасно, но постојат различни теории за тоа што имал предвид.
Двоженството на Ламех Според Книгата на Јашар (Праведниот):
Ламех, синот на Матусал ги зел за жени двете ќерки на Каинан, синот на Енос ― Ада и Цила.Книга Яшера (Праведного). Глава 2, абзацы 16—17. (руски)
Од своите две жени Ламех имал три сина и една ќерка:
од жената Ада — Јавал, првиот номад и овчар, и Јувал, првиот музичар; од жената Цила — Тувал-Каин, првиот ковач, и Ноема.
Ламех зеде две жени: на едната ѝ беше името Ада, а на другата Цила.
Ада го роди Јавал, тој е татко на оние што живеат во шатори со стада.
А на братот негов името му беше Јувал; тој беше татко на сите што свиреа на гусли и шупелки.
Цила, пак, го роди Тувал-Каин, кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо; а сестра на Тувал-Каин му беше Ноема.
—Бит. 4:19–22Вардан Велики именува само два сина на Ламех: Товел (Тувал-Kаин) и Јувал, и нивната сестра Ноема.Вардан Великий. Всеобщая история, абзац 17. (руски)
Песната на Ламех Обраќањето на Ламех до неговите сопруги е најстариот пример на поезија што преживеал до нашево време. Значењето на ова обраќање е загадочно, бидејќи нема очигледна врска со претходната приказна. Песната ги има сите карактеристични црти на еврејскиот паралелизам.
Смислата на песната на Ламех понекогаш се поврзува со измислувањето на мечот од ковачот Тувал-Каин и се нарекува „Песната на мечот“.S. Cox D. D. The Song of the Sword. Genesis, 4:17—24И им рече Ламех на жените свои:
Ада и Цила, чујте го гласот мој, жени Ламехови;
послушајте ги зборовите мои:
убив човек поради рана и младич заради модрица.
Ако за Каин треба да се одмазди седумпати,
за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!
—Бит. 4:23–24
Наводи
Надворешни врски __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Библиски личности Категорија:Личности од книгата Битие