Џезмин Лусила Елизабет Џенифер ван ден БогардDebrett's Peerage, Baronetage and Knightage, Kelly's Directories, 2000 pg. 1629 (англ. Jasmine Lucilla Elizabeth Jennifer van den Bogaerde; родена на 15 мај 1996), позната по нејзиното уметничко име Берди (англ. Birdy, буквално: Птичка) ― британска пејачка. На 12-годишна возраст победила на музичкиот натпревар Open Mic UK.
На музичката сцена се пробила со преработката на „Skinny Love“ од Бон Ивер, која се нашла на топ-листите низ цела Европа и во Австралија. Нејзиниот прв албум, Birdy, бил издаден на 7 ноември 2011 година и се искачил на прво место во Австралија, Белгија и Холандија.
Живот и кариера Џезмин ван ден Богард е родена на 15 мај 1996 година во Лимингтон, Англија.Daybreak Into Darkness, Rupert Bogarde (Pan) 2002, pp.385-387 Има холандско, белгиско и шкотско потекло и е правнука на глумецот Дирк Богард. Прекарот Берди (македонски: Птичка) го добила од нејзините родители затоа што како бебе широко ја отворала устата како малечка птица која очекувала јадење. десно|мини| Birdy на филмскиот фестивал Шанзелизе во 2012 година Во 2008 година, на 12-годишна возраст, Берди победила на натпреварот за таленти Open Mic UK. Таму победила во категоријата до 18 години, но освоила и Гран-при победувајќи 10 000 други натпреварувачи. Пред девилјадната публика ја извела песната „So Be Free“ која што самата ја напишала.
Во јануари 2011 година, на 14-годишна возраст, Берди објавила преработка на песната од Бон Ивер „Skinny Love“. Песната се искачила на 17-то место на британската топ-листа за синглови. Песната била прикажана и во епизода од „Вампирски дневници“ која се емитувала на 5 мај 2011 година. „Skinny Love“ се искачила на прво место во Холандија.
Нејзиниот прв албум со преработки, Birdy, бил објавен во ноември 2011 година (содржел и една оригинална песна која самата ја напишала); албумот се искачил на прво место во Белгија, Холандија и Австралија.
На 7 август 2012 година, Берди го издала EP-то „Live in London“, кое содржело осум песни. Во октомври 2012 година, Берди пеела во живо на француската музичка ТВ-програма Таратата, каде ја извела „Call Me Maybe“ од Карли Реј Џепсен. лево|мини| Birdy на новиот поп-фестивал SWR3 во Баден-Баден, 2013 година На 16 февруари 2013 година, Берди пеела на музичкиот фестивал во Санремо. Нејзиниот втор студиски албум, Fire Within, го објавила на 27 септември 2013 година. На албумот му претходеле две песни: „Wings“ и „No Angel“. Ново EP под наслов Breathe било објавено на 24 септември 2014 година.
На Ехо-наградите во 2014 година, Берди ја освоила наградата за најдобар меѓународен рок/поп-изведувач, победувајќи ги Агнета Фелтског, Лорде, Кети Пери и Кристина Штирмер. За време на церемонијата ја извела песната „Words As Weapons“. десно|мини| Birdy настапува на Frequency Festival 2017 година Во јануари 2016 година, Берди го издала „Keeping Your Head Up“, прв сингл од нејзиниот трет албум, Beautiful Lies. „Beautiful Lies“, вториот сингл од албумот бил објавен во февруари, а „Wild Horses“ следел во март. Албумот бил издаден на 25 март 2016 година.
Во декември 2017 година, Variety.com објавил дека Warner/Chappell Music, издавачка групација од Warner Music Group, потпишале со Birdy светски издавачки договор. Мајк Смит, управен директор на Warner/Chappell за Обединетото Кралство, рекол дека Берди е неверојатен талент и дека со нетрпение очекува да работи со неа во годините што следат.
По пауза од музиката, на 4 септември 2020 година Берди објавила нов сингл, „Open Your Heart“. Набргу потоа следело ново ЕР, Piano Sketches, објавено на 6 ноември 2020 година. Содржело четири нумери, првенствено отсвирени на пијано.
Четвртиот албум на Берди, Young Heart, бил издаден на 30 април 2021 година и содржел 16 песни. Таа ги навела: Ета Џејмс, Џони Мичел, Ник Дрејк и Нина Симон како влијанија врз композициите албумот, а песните ги напишала во Лос Анџелес и во Нешвил.
Петтиот албум на Берди, Portraits, бил објавен на 18 август 2023 година.
Дискографија Студиски албуми
Birdy (2011) Fire Within (2013) Beautiful Lies (2016) Young Heart (2021) Portraits (2023)
Библиографија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Англиски кантавторки Категорија:Англиски поп-пејачки Категорија:Англиски кантавтори Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Пијанистки Категорија:Британски инди-фолк музичари Категорија:Англиски пијанисти Категорија:Британски фолк-поп пејачи