Хулио Сесар Енсисо Еспинола (роден на 23 јануари 2004, во Кагуасу) — парагвајски фудбалер, играч од средниот ред на Брајтон и на парагвајската репрезентација.
Технички карактеристики Се смета за еден од најголемите таленти на неговата генерација. Тој е агилно десно крило, со добро чувство за гол и вешт дриблинг, кој може да се користи и на спротивното крило или во поцентрална позиција, како офанзивен играч за врска.
Тој изјавил дека главно е инспириран од неговиот сонародник Оскар Кардосо, чиј тимски колега бил за време на неговиот престој во .
Во 2021 година, тој бил вклучен во листата на најдобрите 60 фудбалери родени во 2004 година, составена од англискиот весник The Guardian.
Клупска кариера Почетоци Енсисо почнал да игра фудбал уште од рана возраст, правејќи ги своите први чекори во светот на фудбалот во клубот Карлос Антонио Лопес, лоциран во неговиот роден град. Набргу, тој го привлекол вниманието на извидниците на Либертад и бил регрутиран во клубот на возраст од дванаесет години.
Либертад Својата фудбалска кариера ја започнал во младинските редови на Клуб Либертад. Уште на многу рана возраст, пред да наполни петнаесет години, неговиот талент го привлекол вниманието на тренерот на првиот тим во тоа време, колумбиецот Леонел Алварес, кој побарал негово вклучување во главниот тим.
На 16 март 2019 година, Енсисо го направил своето деби за првиот тим под водството на тогашниот тренер Хосе Шамот, играјќи во победата со 4-0 над Депортиво Сантани, во единаесеттото коло на Торнео Апертура 2019. Тој влегол во игра во 72-рата минута, заменувајќи го Едгар Бенитес, со што станал најмладиот дебитант во историјата на Либертад, на возраст од само 15 години и 53 дена.
Својот прв гол за клубот го постигнал на 27 септември 2020 година, во победата со 3-0 над Сан Лоренсо на домашен терен. Околу два месеци подоцна, на 26 ноември 2020 година, Енсисо го направил своето деби во Копа Либертадорес, за време на осминафиналниот натпревар против боливијската екипа Хорхе Вилстерман, во кој Либертад победил со 3-1: тој се појавил во игра на почетокот од вториот дел и неколку секунди подоцна го постигна првиот гол во натпреварот. Со 16 години, 10 месеци и 4 дена, тој станал најмладиот стрелец во најсилниот континентален турнир во 21 век.
Во 2021 година под водството на аргентинскиот тренер Даниел Гарнеро, со четири гола во 13 настапи, Енсисо придонел за освојувањето на Торнео Апертура со Либертад, кој во истата сезона исто така успеал да стигне до полуфиналето на Копа Судамерикана. Вкупно за својот клуб од детството Енсисо одиграл 72 натпревари и постигнал 25 гола.
Брајтон На 17 јуни 2022 година, Енсисо потпишал четиригодишен договор со Брајтон, клуб од Премиер лигата на Англија, во трансфер вреден 9,5 милиони фунти плус идни дополнителни трошоци. Своето деби за Брајтон го имал на 24 август, играјќи 80 минути во победата на гостински терен со 3–0 над третолигашот Форест Грин Роверс во второто коло на Лига Куп, забележувајќи асистенција за голот на Стивен Алсате.
Своето деби во Премиер лигата, Енсисо го направил на 29 октомври, влегувајќи како замена во 65-тата минута на местото на Адам Лалана во победата на домашен терен над Челси со 4-1. Тој го постигнал својот прв гол за Галебите на 4 април 2023 година, во победата со 2–0 на гости кај Борнмут. Околу две недели подоцна, тој постигнал гол во победата со 1-2 на гостувањето кај Челси, помагајќи му на Брајтон да ја обезбеди првата победа на Стемфорд Бриџ во нивната клупска историја. На 23 април, тој го започнал полуфиналето на ФА Купот, играјќи 67 минути во поразот на пенали од Манчестер Јунајтед на Вембли. Три дена подоцна, 19-годишниот фудбалер го забележал својот прв старт во Премиер лигата за „Албион“, во поразот од 3–1 на гостински терен кај Нотингем Форест. На 24 мај, тој постигнал гол со удар од преку 23 метри, во ремито 1-1 против Манчестер Сити на Фалмер. Голот бил избран од BBC за Гол на сезоната за 2022-2023, а потоа ја добил наградата и за Гол на сезоната во Премиер лигата. Првата сезона со Брајтон ја завршил со 26 натпревари во првенството и куповите и 4 постигнати гола (сите во Премиер лигата).
Репрезентативна кариера Енсисо го претставувал Парагвај во селекцијата под 15 години, со која настапил на Јужноамериканското првенство 2019, кое се одржало во неговата земја.
Во јуни 2021 година, Енсисо бил повикан за првпат во сениорската репрезентација од селекторот Едуардо Берицо, за претстојното континентално првенство Копа Америка 2021. Таму, тој го направил своето деби за Албироха на 14 јуни, заменувајќи го Габриел Авалос во 87-мата минута од натпреварот против Боливија, првиот натпревар од групната фаза на континенталното натпреварување: со 17 години, 4 месеци и 24 дена, офанзивниот играч за врска станал четвртиот најмлад дебитант во историјата на репрезентацијата на Парагвај. Вториот настап на турнирот го имал во четвртфиналето против , во кое Парагвај го завршил својот настап откако загубиле по изведување на пенали.
Хронологија на репрезентативните настапи Сениорска репрезентација
Олимписка репрезентација
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 19 август 2023.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019 ПД 3 0 - - КЛ 0 0 - - 3 0 2020 ПД 3Апертура.+5Клаусура. 1+0 - - КЛ 2 1 - - 10 2 2021 ПД 13+17 4+2 - - КЛ+КС 2+7 1+1 - - 39 82022ПД14+011+0 - -КЛ30 - -1711Вкупно Либертад55180014369212022-2023 ПЛ204ФАКуп+ЛК3+30+0 - - - -2642023-2024ПЛ120ФАКуп+ЛК1+00+0ЛЕ20 - -150Вкупно во кариерата 87 22 7 0 16 3 - - 110 25
Титули Клупски Либертад Примера Дивисион : 1 Апертура 2021
Куп на Парагвај : 1 2019
Поединечни Гол на сезоната според BBC : 2022-2023 Гол на сезоната во Премиер лигата : 2022-2023
Наводи
Надворешни врски
Хулио Енсисо на soccerway Хулио Енсисо на transfermakt Хулио Енсисо на espn Хулио Енсисо на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Клуб Либертад Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Фудбалери на ФК Ипсвич Таун Категорија:Парагвајски фудбалери Категорија:Родени во 2004 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026