Тиротрицин е антибиотска смеса која е изолирана од бактеријата Brevibacillus brevis од страна на Рене Дубо кон крајот на 1930те. Подоцна било покажано од страна на Дубо и Ролин Хочкис дека е смеса од два различни антибиотици: грамицидин и тироцидин.

Обата грамицидин и тироцидин се кратки полипептиди кои ја нарушуваат клеточната мембрана кај некои, претежно грам-позитивни бактерии. Тиротрицинот и неговите компоненти се премногу токсични да се земаат внатрешно, но се користат како топикални антибиотици.

Тиротрицинот, и неговите составни антибиотици, припаѓаат на сродна фармаколошка група на полипептидни антибиотици во која спаѓаат и колистин, полимиксин Б, и бацитрацин. Не е позната вкрстена резистентност помеѓу овие три агенси.

Наводи

Категорија:Антибиотици