мини|300п|Тектонска карта на Елинскиот Лак
Егејска Плоча — мала тектонска плоча во источното Средоземје под јужна Грција и западна Турција. Нејзиниот јужен раб е Елинската зона на подвлекување јужно од Крит, каде Африканската Плоча се вовелкува под Егејската.Meier, T et al. (2007) "A Model for the Hellenic Subduction Zone in the area of Crete based on seismological investigations" pp. 194–195 In Taymaz, Tuncay and Dilek, Yildirim (eds.) (2007) The Geodynamics of the Aegean and Anatolia Geological Society, London, pp. 183–200, Нејзиниот северен раб е раздвојувачка граница со Евроазиската Плоча.
Морското дно на ова подрачје е длабоко околу 350 м, додека соседното Црно и Средоземно Море се длабоки 1.300–1.500 м. Поради ова, тоа се смета за висока висорамнина меѓу морињата. Наодите велат дека Егејската Плоча содржи истенчена континентална кора наместо океанска кора. Од нејзиното создавање кората се тенчи под влијание на разни процеси, меѓу кои посторогенетско пропаѓање и истегнување на кората. Ова истегнување е одговорно за образувањето на Коринтскиот Залив.
Порано се сметало дека кората под Егејското Море е дел од Анадолската Плоча, и дека различните правци на движење се должат на вртење на плочата. Подоцнежните мерења утврдиле дека подрачјето не одговара на дотогашниот модел, и денес плочите се сметаат за независни една од друга.
Развој Се смета дека Егејското Море е активно истегнувачко задлачје поради повлекување на плочниот завршеток во Елинската зона на подвлекување. Со тоа дошло до големо нормално раседнување и расцепување, како и образувањето на задлачна котлина. Оваа околина создала разни хорстно-грабенски образби на морското дно, слични на котлинско-верижната топографија. Многу од Егејските Острови се врвови на овие образби кои се издигаат на морското ниво. Јужниот дел на плочата е дебел 20–22 км, а северниот 32–40 км, што укажува на тоа дека истегнувачката околина само неодамна почнала да го засега северното подрачје.
Пред истегнувачата околина, регионот претрпел Егејска орогенеза (пред 70 - 14 мг), проследено од истенчување на кората поради посторогенетска пропаст. Овој период овозможил метаморфизам и потоа откопување на многу видови метаморфни карпи кои се среќаваат на Егејските Острови.
Сеизмичка активност Егејското Море и околното подрачје се сеизмички активни поради Елинската зона на подвлекување, како и истегнувањето на Егејската Плоча. Африканската Плоча се подвлекува под Егејската со брзина од 40 мм годишно, предизвикувајќи плитки земјотреси близу раседот и подлабоки земјотреси недалеку од грчкиот вулкански лак.Herman, M.W., Hayes, G.P., Smoczyk, G.M., Turner, Rebecca, Turner, Bethan, Jenkins, Jennifer, Davies, Sian, Parker, Amy, Sinclair, Allison, Benz, H.M., Furlong, K.P., and Villaseñor, Antonio, 2015, Seismicity of the Earth 1900–2013, Mediterranean Sea and vicinity: U.S. Geological Survey Open-File Report 2010–1083-Q, scale 1:10,000,000, doi:10.3133/ofr20101083Q. Некои сеизмички активности се производ на истегнувањето на плочата, кое создава раседување по линија исток-запад кое пролизгува и предизвикува земјотреси.
Наводи
Надворешни врски
Тектонски преглед на Грција, USGS
Категорија:Тектонски плочи Категорија:Егејско Море Категорија:Геологија на Грција Категорија:Геологија на Турција