Сите сме мртви (, ) — јужнокорејска серија заснована на истоимениот вебтун на Naver од Џу Донг Гун, кој бил објавен од 2009 до 2011 г. Серијата била премиерно прикажана на 28 јануари 2022 г. на Нетфликс. На 6 јуни 2022 г., серијата била обновена за втора сезона.

Серијата првично била најавена на 12 април 2020 г. Снимањето било накратко прекинато во август 2020 г. поради пандемијата КОВИД-19. Сите епизоди станале достапни на Нетфликс на 28 јануари 2022 г. Добила силни пофалби и од критичарите и од гледачите, со особено признание за глумечките изведби, сценариото, акционите сцени и емотивните мигови.

По Игра на лигни (2021), Сите сме мртви станала втората јужнокорејска серија што зазела 1. место на Нетфликс. Серијата била делумно заснована на успехот на Возот за Пусан (2016), кој бил спомнат во втората епизода.

Содржина Во јужнокорејскиот град Хјосан, професор по природни науки спроведува кошмарен опит што води до месната гимназија да биде преплавена од зомбија. Додека заразата се распространува низ градот и преоптоварените власти се борат да се справат со кризата, група ученици заробени внатре мораат да се обединат и да ја искористат својата генијалност за да преживеат и да избегаат на безбедно.

Глумци и улоги

Главен состав

Парк Џи Ху — Нам Он Џо, ученичка од клас 2–5, таа е сосетка на Чонг Сан, другар од детството и љубовен интерес. Јун Чан Јонг — Ли Чонг Сан, ученик од клас 2–5, тој е сосед и другар од детството на Он Џо. Чо Ји Хјун — Чои Нам Ра, претседателка на класот 2–5 и симпатијата на Су Хјок. Парк Соломон — Ли Су Хјок, ученик од клас 2–5, кој е поранешен хулиган. Ју Ин Су — Јун Гви Нам, училиштен хулиган, кој е ученик од клас 2–1 и главен антагонист на серијата. Ли Ју Ми — Ли На Јон, богата, но надмена ученичка од клас 2–5. Ким Бјунг Чул — Ли Бјонг Чан, професор по природни науки во гимназијата Хјосан и творец на вирусот јонас, кој служи како сеопфатен антагонист на серијата. Ли Кју Хјунг — Сонг Џе Ик, детектив на полициската станица Хјосан. Џон Бе Су — Нам Со Џу, капетан на Спасувачката екипа 1 на пожарната станица Хјосан и таткото на Он Џо.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Телевизиски серии Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Оригинални програми на Netflix Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик