Нада Васкова Антеска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Монополска работничка. Од летото 1943 година учествувала во саботажни акции во монополот каде работела и давала прилози во фондот за народна помош. Во август 1944 година заминала на слободната територија на Козјак и била борец во дополнителниот баталјон, а потоа во Осумнаесеттата македонска ударна бригада, како делегат на вод. Учествувала во борбите на Бригадата во околината на Бујановац и Прешево како и во борбите за ослободувањето на Куманово и Скопје, Радуша и Тетово. Потоа била префрлена во Треттата македонска ударна бригада со која заминала на Сремскиот фронт и учествувала во завршните оперции за ослободувањето на Југославија. Како делегат на вод се борела во првите борбени редови .
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ