Портрет на Миленко Стојковиќ – слика од Ѓорѓи Зографски, насликана во 1932 година која се наоѓа во Музеј во Смедерево. Димензиите ѝ се 49,5 х 27,8 см. Сликата не е сигнирана.

Опис Портретот на Миленко Стојковиќ, командантот на Пожаревац, е насликан според цртеж од 1808 година. Стојковиќ стои и во десната рака држи долго, до земја спуштено луле. Сликата е дополнета со продлабочување на планот на композиција, без истенчен осет за димензии и зафатнина. Тоа особено доаѓа до израз кај насликаниот коњ што го држи слугата и шаторот.

Наводи

Категорија:Слики од Ѓорѓи Зографски Категорија:Уметнички слики од 1932 година Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Слики во Музејот во Смедерево