Ада ( = „украсување“) — библиска личност од Стариот завет.Ада // Библейская энциклопедия архимандрита Никифора. — М., 1891—1892. (руски)

Според книгата Битие, таа била првата жена на Ламех, потомокот на Каин; мајка на Јавал и Јувал (Бит. 4:19–21).

Според Книгата на Јашар (Праведниот):

таа е ќерка на Каинан (син на Енос, син на Сит), сестра на Цила; жена на Ламех, потомокот на Каин.

Приказна Ада првпат се споменува во Бит. 4:19 како една од двете жени што Ламех, потомокот на Каин, ги зел за жена. После тоа, таа родила два сина: Јавал, кој е „татко на оние што живеат во шатори со стада“ и Јувал, кој бил „татко на сите што свират на гусли и шупелки“. По некое време, од непозната причина, Ламех почнува да им зборува на своите жени: „Ада и Цила, чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: убив човек поради рана и младич заради модрица. Ако за Каин треба да се одмазди седумпати, за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!“ (Бит. 4:23). Тука завршува приказната за Ада од Библијата.Битие 4

Семејна лоза

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Библиски личности Категорија:Личности од Стариот завет