десно|мини| Рибар на Дунав Рибар, риболовец или влакар — лице што се занимава со риболов, односно фаќа риби и други организми што живеат во вода. Рибарите можат да ја вршат својата работа професионално или рекреативно.
Во македонскиот јазик, рибар вообичаено се користи за лицата што професионално се занимаваат со риболов, а риболовец за рекреативците. Влакарите, пак, се рибарите што ловат риби со влак (мрежа на влечење).
Дури и во мезолитот, луѓето фаќале риба за да се прехранат.
Рибарите како тема во уметноста и во популарната култура „Султанот и рибарот“ — приказна на африканското племе Свахили.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 44-46. „За синот на сиромашниот рибар“ — полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 49-60. „За рибарот и неговите три сина“ — полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 5-23. „На рибарите“ (српски: Аласима) — српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 107. „Рибару, рибару!“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 49. „Рибари“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 17. „Рибарско чудо“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 37-41. „Итар Пејо и селаните риболовци“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 24-25. „Рибарска“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 510. „Сказна за рибарот и рипката“ — бајка во стихови на рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин од 1833 година.Пушкин, „Лирика, сказни“, том I, Наша книга, Скопје, 1986. стр. 229. „Рибарска незгода“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 42. „Неодоливиот рибар“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 30. „Рибари со харпун“ (хрватски: Ribiči s harpunom) — слика на хрватскиот уметник Мијо Ковачиќ од 1965 година.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009. „Рибар“ (хрватски: Ribič) — слика на хрватскиот уметник Мирко Вириус од 1939 година. „Риболовот на китови на Гренланд“ (англиски: Greenland Whale Fisheries) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
Поврзано Риболов
Наводи
Категорија:Занимања Категорија:Риболов Категорија:Поморски занимања