Свети Јован (, Агиос Јоанис) — источно преградие на градот Сер, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 598 жители (2021).

Географија и местоположба Предградието се наоѓа во Серското Поле, на 2 км североисточно од Сер, покрај патот кој води од градот до Геди Дермен, на надморска височина од 60 м.

Историја Населабата е основана во 1924 г. од Грци преселени од Турција согласно Лозанскиот договор. Во неа биле сместени 51 бегалско семејство со вкупно 218 бегалци, чиј број во пописот од 1940 г. се накачил на 270.

Стопанство Населението произведува жито, компири, многу тутун и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на краварството. Предградието поседува голем број на угостителски објекти и ресторани.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Заба, Мертатово и Метох.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1930 г. Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Св. Јован“

Наводи

Категорија:Сер (општина)