Министерството за односи меѓу заедниците или скратено МОМЗ ,министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за односи меѓу заедниците е Иван Стоилковиќ.

Надлежности Надлежностите на министерството се: обезбедување и координација на поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор, обезбедување и реализација на финансиски средства потребни за успешно одвивање на процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор во рамките на Буџетот на Македонија и од донаторите, обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на Рамковниот договор, унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците како група на државјани на Македонија, а која традиционално живеат на територијата на Македонија, при што нејзините припадници имаат различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености и ги води желбата за заштита и негување на тие особености, следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците, гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на заедниците, меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на односите меѓу заедниците, други прашања што се однесуваат на односите меѓу заедниците, следење на состојбата во односите помеѓу заедниците во Македонија на национално ниво, по региони и во единиците на локалната самоуправа и изготвување извештаи и препораки до Владата на Македонија, како и до Комитетот за односи меѓу заедниците, промовирање и преземање на мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија, давање на стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија, давање на поддршка на Владата во обезбедување на правичната и соодветната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната управа, давање на поддршка во подготвувањето на методологија за донесување на акциони планови на Владата во областа на правичната застапеност при вработувањето и врши и други работи утврдени со закон. Во состав на Министерството за односи меѓу заедниците се: Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците,Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија.

Наводи

Поврзано

Влада на Република Македонија

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Министерства на Република Македонија Категорија:Информатичко општество