Граешнички манастир — манастир во близина на битолското село Граешница. Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.
Местоположба
Манастирот се наоѓа 2 километри северозападно над селото, во месноста Присој.
До манастирот води земјен пат, кој започнува од сретселото на Граешница.
Историја
Манастирот бил подигнат во 1926 година.
Истиот во поново време бил обновен од страна на иселениците од Австралија и Канада, како и семејството Митревски. Исто така, по 2022 година повторно е започнато одбележувањето на манастирската слава со пригодна богослужба.
Градби во манастирот
Манастирот е составен од црквата „Св. Теодор Тирон“, камбанарија и помошни објекти.
Црква „Св. Теодор Тирон“
Црквата била подигната во 1926 година.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Граешница Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Битолското архијерејско намесништво