Иван Броз (21 јануари 1852 – 25 декември 1893) бил хрватски лингвист и историчар на книжевност.
Биографија
Броз бил роден во Клањец каде што започнал основно школо, а потоа го продолжил во Вараждин, и гимназија во Карловац, Пожега, и Загреб. Во Инсбрук, започнал да студира теологија, но не ги довршил студиите и започал да студира хрватски јазик, историја, и географија на новооснованиот универзитет во Загреб. Потоа бил учител во Осиек, Пожега и Загреб. Докторирал во 1888 год., кај Ватрослав Јагиќ, и заминал на теренска работа во Босна и Херцеговина и јужна Хрватска. Таму се разболел, што било причина за неговата прерана смрт.
Наводи
Категорија:Хрватски јазичари