Кипински манастир „Успение на Пресвета Богородица“ ( или Μονή Κηπίνας) — поранешен средновековен пештерен манастир кај селото Каларити, Епир, денешна Грција. Влегува во состав на Јанинската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Манастирот се наоѓа во пештера над Каларитска Река, на северната страна од планината Џумерка, пристапен само со тесна патека издлабена во карпата.

Опис Во најстарите пишани текстови се наведува дека манастирот е основан во 1212 г. од архиепископот Григориј, но според други извори тој бил основан во XIII век од монасите на манастирот Вилица. Според традицијата се вели дека во него имало тајно училиште за време на отоманско владеење. Во XVIII век доживеал расцут, додека во текот на XIX век постепено бил напуштен, а во 1931 г. бил припоен кон составот на Чукиниот манастир.

Градбата претставува мала еднокорабна базилика со нартекс. Внатрешноста е целосно живописана. Дрвениот иконостас украсен со златни елементи и фреските се дела на Јован Сајадски од XVIII век. Католиконот и куполата се изѕидани во природна карпа. Монашките ќелии се обновени и во добра состојба, резбани со дрво на два спрата, сместени во самата карпа.

Поврзано

Јанинска епархија

Наводи

Категорија:Цркви во Северна Џумерка Категорија:Манастири во Јанинската епархија Категорија:Пештерни цркви во Грција