Технециумска ѕвезда — ѕвезда чиј спектар содржи впивни линии на лесниот радиоактивен метал технециум. Најстабилниот изотоп на технециумот е 97Tc со полураспад од 4,21 милиони години, што е прекратко за да биде материјал од пред настанокот на ѕвездата. Затоа, пронаоѓањето на технециум во ѕвездените спектри во 1952 г. дало непобитен доказ за нуклеосинтезата во ѕвездите. Еден краен случај е ѕвездата R Близнаци.

Ѕвездите кои содржат технециум се ѕвезди на асимптотската гранка на џинови (АГЏ) кои се налик на црвени џинови, но со малку поголема сјајност, и кои согоруваат водород во внатрешната обвивка. Припадниците на оваа ѕвездена класа се префрлаат на согорување на хелиумот во обвивката со интервал од 100.000 години — процес наречен „зацрпување“. Технециумските ѕвезди им припаѓаат на класите M, MS, S, SC и C-N. Најчесто тие се променливи ѕвезди од долгопериодични типови.

Современите истражувања полажуваат дека технециумот во АГЏ-ѕвездите се јавува по извесен развој и дека значаен број од овие ѕвезди не го покажуваат во нивние спектри. Присуството на технециум е поврзано со „третото зацрпување“ во историјата на ѕвездите. Помеѓу топлинските пулсирања на овие ГЦЏ-ѕвезди, тешките елементи се образуваат во подрачјето помеѓу обвивките што согоруваат водород и хелиум по пат на бавниот процес на електронски зафат — s-процесот. Потоа материјалот се издига на површина со длабоко струење. 99Tc, изотоп со полураспад од само 200.000 години, се произведува го АГЏ-ѕвезди и излегува на површината во текот на топлинските пулсирања. Неговото присуство е сигурен показател дека се случило трето зацрпување.

Поврзано Бариумска ѕвезда Јаглеродна ѕвезда Живино-манганска ѕвезда Ѕвезда од типот S

Наводи

Надворешни врски Технециумска ѕвезда, Дејвид Дарлинг

Категорија:Видови ѕвезди Категорија:Технециум