Роберт Рихмик Вилијамс (англиски: Robert Rihmeek Williams; роден на 6 мај 1987 година), познат под псевдонимот Мик Мил ― американски рапер.

Рани години Роберт Рихмик Вилијамс е роден на 6 мај 1987 година, во Филаделфија, Пенсилванија. Татко му бил убиен кога имал пет години, најверојатно при обид за грабеж. Како дете, Мил бил сведок на многу насилство и криминал во својата заедница, што подоцна имало големо влијание врз неговата музика. Неговата мајка работела повеќе работи за да го издржува семејството. Неговата страст за музика започнала уште во тинејџерските години, кога започнал да се занимава со рапување и да учествува во фристајл битки на улиците во Филаделфија.

Кариера Од 2006 до 2008 година, Мил објавил три соло микстејпи:The Real Me, The Real Me 2 и Flamers. Во 2009 година, Мил го издал неговиот четврти соло микс, Flamers 2: Hottest in tha City. Истата година, Мик Мил се сретнал со основачот и сопственик на Grand Hustle Records, раперот T.I. TI бил импресиониран од Мил и му понудил договор. Иако му биле понудени и други договори за издавање, Мил сметал дека соработката со T.I, е „животна можност“ и ја избрал таа издавачка куќа. Сепак, Мил бил осуден на затворска казна под обвинение за трговија со дрога и поседување оружје. Мил не објавил музички запис под оваа издавачка куќа и во 2011 година потпишал договор со „Maybach Music Group“ во сопственост на Рик Рос.

На 30 октомври 2012 година, Мик Мил го објавил неговиот прв студиски албум Dreams & Nightmares. Албумот дебитирал на второ место на американската топ-листа Билборд 200.

Неговиот втор албум, Dreams Worth More Than Money, бил објавен на 28 јуни 2015 година, а на 18 јули 2015 година се искачил на врвот на Билборд 200 и вклучувал успешни синглови како „All Eyes on You“ со Ники Минаж и Крис Браун. Овој албум му донел и повеќе награди и признанија во хип-хоп заедницата.

Мик Мил бил познат по неговите соработки со други значајни хип-хоп музичари, како: Дрејк, Ники Минаж, Рик Рос и Јанг Таг. Сепак, една од неговите најпознати соработки и во исто време најголеми конфликти била со канадскиот рапер Дрејк. Конфликтот започнал во 2015 година кога Мил го обвинил Дрејк за користење „анонимен текстописец“ (ghostwriter) за неговата музика. Оваа кавга резултирала со неколку дис-траки, меѓу кои најпозната е песната на Дрејк „Back to Back“. Конфликтот подоцна бил решен и двајцата рапери го обновиле своето пријателство.

На 21 јули 2017 година, Мил го издал неговиот трет студиски албум под наслов Wins & Losses. Во 2017 година, Мил повторно бил осуден на две до четири години затвор поради кршење на условната казна, што предизвикало огромен одѕив и протести во јавноста, вклучувајќи ги и јавните личности како Џеј Зи и Кевин Харт.

Овој случај го ставил Мик Мил во центарот на националната дебата за неправедни казни и злоупотреба на правниот систем, особено против афроамериканската заедница. Во 2018 година, по неколку месеци затвор, Мил бил ослободен, а судската пресуда била поништена. Ова му овозможило да стане една од најгласните фигури во движењето за правна реформа.

Неговиот албум Championships (2018) го одбележало неговото враќање на музичката сцена со силни пораки за општествената неправда и личната победа. Албумот содржел песни во соработка со Џеј Зи, Дрејк и други познати музичари, а се покажал како еден од најуспешните албуми во неговата кариера.

Покрај музиката, Мик Мил бил активист за правна реформа, особено преку организацијата „Reform Alliance“, која ја основал заедно со Џеј-Зи и други познати личности.

На 11 јули 2022 година, Мил потврдил дека го завршил неговиот менаџерски договор со Roc Nation Entertainment од Џеј-Зи, наведувајќи дека иако истапува од соработка со компанијата, тој и Џеј и понатаму се во добри односи. И покрај неговото заминување од компанијата, тие сè уште работат на нивниот потфат за реформи во затворот, Алијанса за РЕФОРМА (REFORM Alliance).

Личен живот На почетокот од 2015 година Мик Мил започнал врска со пејачката Ники Минаж; тој ја придружувал како воведен изведувач на нејзината светска турнеја во 2015 година. На 2 јануари 2017 година, било објавено дека Мил и Минаж ставиле крај на нивната двегодишна врска.

Мил има три деца од различни партнерки. Во 2020 година, неговата тогашна девојка Милан Руж го родила неговото трето дете.

Дискографија Студиски албуми

Dreams and Nightmares (2012) Dreams Worth More Than Money (2015) Wins & Losses (2017) Championships (2018) Expensive Pain (2021)

Албуми во соработка со други музичари

Too Good to Be True со Рик Рос (2023)

Филмографија година Наслов Улога Забелешка 2010 година Улици Самиот 2020 година Кралевите од Шарм Сити Блакс

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Американски рапери Категорија:Пејачи од Филаделфија