десно|мини|705x705пкс|Цртеж на целата колона според археологот Камило Прашникер Балшискиот натпис или Главеничкиот натпис (, , ) — епиграф произведено во времето на владеењето на прабугарскиот кнез Борис I. Балшискиот натпис е единствениот натпис во тој период којшто го документирало крштевањето на Борис I и христијанизацијата на Бугарија. Името на натписот си го добива со тоа што било откриено во градот Балш, Албанија. Денешната местоположба на натписот е непознат но се претпоставува дека се чува во музеј. Денешното значење на натписот е злонамерно искористено од страна на бугарски невладински организации како доказ на присуството на вештачко бугарско малцинство во Албанија и се користи како дел од бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија.
Историја Еден од можните први спомнувања на натписот било во еден од делата на тогашниот охридски архепископ Димитар Хоматијан, тој во неговото житие за Климент Охридски истакнал како во Главеница, стар термин за градот Балш, имало камени остатоци со натпис за прекрстувањето на турските прабугари. Не е конкретно потврдено дали тоа било за балшискиот натпис но голем дел од историчарите во русофилската бугарска историографија го сметат како потврда за постоењето на натписот. Во декември 1917 година или според некој наводи во 1918 година, за време на првата светска војна војници од Австроунгарската армија откриле во старата христијанска црква „Св. Богородица“ околу денешниот град Балш откриле стар натпис со две страни, едно напишано во латински додека другото било напишано со грчки. Кога било откриено бугарската влада го пратил историчарот Јордан Иванов да го фотографирал. Други историчари исто така биле пратени да го анализираат како австрискиот археолог Камило Прашникер. Прашникер направил скица на натписот и го објавил.
Со откривањето на натписот археолозите се обидувале да го откријат датумот на производството, според преводот на текстот од Старогрчки во Македонски, датумот на натписот било во лето 6374, според тоа производството на натписот било помеѓу 1 септември 865 година и 31 август 886 година. Текстот на натписот било двосмислено, во текстот се истакнувало како реонот било дел од првото бугарско царство но никогаш не истакнува кога реоното потпаднало под бугарска окупација. После крајот на првата светска војна австриските историчари во 1919 година го предале натписот кај архивскиот центар на новата формирана албанска држава. Откако натписот бил предаден кај Албанија било изгубено. Натписот бил повторно откриен и фотографиран во 1924 година од страна на историчарот Васил Златарски, го открил натписот во градот Балш.Паметници на средновековната архитектура от Албания (2006) од Ралица Базајтова Во 1941 година за време на втората светска војна плочата повторно била изгубена заради тоа што за време на војната Енвер Хоџа со албанските партизани ја уништиле црквата каде што била плочата.
За долго време натписот останало изгубено но во 1976 година албанската историографија одлучиле да се обидуваат да ја најдат плочата, соопштението било објавено во списанието „Илирија“ том 6. Асен Чилингиров истакнал како немале конкретен план за како би го пронајделе и негативно реагирал кон класификацијата на црквата „Св. Богородица“ во Балш како „ранохристијанска црква“ наместо бугарска црква од страна на албанската историографија. Во 2013 година под притисок од страна на надворешниот министер на Бугарија улицата „Селим Хоџај“ во Далш била преименувана во „Борис I“, улицата се наоѓа блиску до местото каде што била откриена плочата во 1917. Во 31 октомври 2014 година по иницијатива од клубот „Пловдивски граждански клуб“ Лука Станчев заедно со французинот Жорж Трак создадале реплика на натписот и го вратиле во Балш кај местото кај што било оригинално откриено, сека стој како споменик. Градоначалникот на Балш се согласил со идеата и за време на поставањето учествувале и бугарскиот амбасадор во Албанија и други бугарски невладински организации.
Текст Самиот натпис е составено од два текста од два различни периода, еден е во старогрчкиот јазик и се зборува за крштевањето на Борис I додека второто е во латински и е за смртта на норманскиот напаѓач Роберт де Монфор, којшто ја напаѓал Англија за време на владеењето на Хенри I.
Горен натпис
Превод
Долен натпис
Превод
Наводи
Категорија:Бугаризација на македонското малцинство во Албанија Категорија:Кутмичевица Категорија:865 Категорија:866 Категорија:Христијански текстови од 9 век Категорија:Бугарија во 9 век