Ада Вонг (, букв. Еида Вон; ) — лик од серијалот видеоигри на ужасите за опстанок Resident Evil, развиена од јапонската компанија Capcom. Таа првпат била спомната во изворниот Resident Evil (1996), а подоцна била претставена како спореден лик и антихероина во Resident Evil 2 (1998). Првично замислена како истражувачка по име Линда во прототипот за продолжението, нејзината улога била променета во улога на шпионка и платеничка, а нејзиното име било преработено во Ада за подобро да се поврзе приказната со првата игра. Иако често е најмена да краде биолошки оружја за различни организации, Ада често ги издава своите работодавци за да го спаси главниот лик, Леон С. Кенеди, од опасните ситуации низ серијалот.

Замисла и дизајн Ада Вонг првично била замислена како истражувачка по име Линда што му помага на Леон во текот на играта, но нејзината улога била преосмислена за крајната верзија на Resident Evil 2.

Била озвучена од Сали Кехил во Resident Evil 2, Resident Evil 4 и The Darkside Chronicles, како и од неспомната гласовна глумица во The Umbrella Chronicles.

Во игрите, Ада најчесто се гледа во црвени фустани. Таа носела еден во Resident Evil 2, друг во Resident Evil 4 (каде што исто така користела автомат Томпсон како упатување до гангстерскиот филм „Дамата во црвено“ од 1979 г.) и црна борбена облека.Top 10 sexiest PlayStation game characters , PlayStation Universe, October 28th, 2011

На јапонски, таа се вика Еида Вон.

Појавувања

Во серијата Resident Evil Ада Вонг е псевдоним на кинеско-американска шпионка и платеничка што се појавува како антихероина во серијата Resident Evil на Capcom. Нејзината вистинска самоличност и минато пред нејзината вмешаност во шпионажа се обвиткани со тајни. Првпат претставена како спореден лик во Resident Evil 2 (1998), Ада е задолжена од неименувана организација да го украде G-вирусот, мутаген развиен од корпорацијата Umbrella (се чита: Амбрела, букв. Чадор), која е одговорна за појавата на зомбија во измислениот град Ракун Сити. За време на нејзината мисија, Ада се здружува со полицаецот новак Леон Скот Кенеди за да добие пристап до подземната лабораторија за биолошка војна на Umbrella. Таа на крајот е изложена како платеничка од научникот Анет Биркин. И покрај тешките повреди, Ада му помага на Леон да го уништи Т-103 Тиран и успева да избега од Ракун Сити пред да биде уништен од јадрен удар, мерка што ја презема американската влада за да ја прикрие катастрофата.

Наводи

Надворешни врски

Ada Wong | Resident Evil Wiki | Fandom

Категорија:Измислени ликови Категорија:Ликови од Resident Evil