Рајца или Рајче () — село во Општина Прњези на Областа Елбасан, југоисточна Албанија. Населението е сочинето од поалбанчени Македонци муслимани.

Географија и местоположба Селото е сместено во јужните падини на планината Јабланица, во мала котлина недалеку од Охридското Езеро, на надморска височина од 690 м. Се наоѓа околу 3 км североисточно од општинскиот центар Прњези, во непосредна близина на границата со Македонија.Рајца (781795) — GeoNames

Историја Првобитно, како што е наведено и во народното предание во Мали Влај, во Рајца живеело православно македонско население, кое во текот на XIX век го примило исламот, а со тоа и албанскиот јазик. Сепак, дел од родовите ги задржале своите стари имиња, како што се Васковци, Богдановци, Стојановци, Божовци итн. Муслиманските жени ја зачувале и народната носија „со клашенци“, типична за оваа област.

Според преданието, во Рајца некогаш постоеле две селски цркви, посветени на Св. Никола и Пресв. Богородица, кои денес се разрушени.

Во XIX век Рајца било македонско-муслиманско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рајца имало 840 жители, сите Македонци муслимани. Тој забележал:

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Рајца е претставена како чисто „албанско“ село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 180 куќи.

На почетокот на XXI век јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули спровеле теренско испитување со цел да ја проверат тековноста на постарите извори за македонојазичните („словенојазични“) села во Албанија. Утврдиле дека Рајца било наполно „албанско“ и муслиманско село. Според сведоштво на постари жители, населението зборело само на албански.

Сè до 2015 година, селото било седиште на Општина Рајца која се состоела од седум села.

Наводи

Категорија:Прњези (општина)