Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) во Скопје е јавна високо­образовна установа како единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Факултетот врши високообразовна дејност од прв, втор и трет циклус на студии, научноистражувачка, приме­ну­вачка и високостручна дејност и од научноистражувачкото подрачје општествени науки, во полето кинезиологија како и во сите научни полиња што се во врска со основната дејност на Факултетот. Историја на факултетот Факултетот е основан на 15.7.1977 година, како Факултетот за физичка култура во Скопје.

Факултетот е основан со Законот за основање на Факултетот за физичка култура (Сл. весник на СРМ бр. 30/77 од 15.7.1977 година), донесен од Собранието на Социјалистичка Република Македонија.

Со одлука на наставно-научниот совет број 0201-869/21од 18.6.2013 година изврешна е промена на називот на Факултетот за физичка култура - Скопје. Новиот пол назив на Факултетот е: Република Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Факултет за физичко образование спорт и здравје – Скопје“. (Измената е објавена во Универзитетскиот гласник број 278 од 4 февруари 2014 година).

Мисија на факултетот Ценејќи ја 40-годишната традиција на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Успешната работа на Факултетот од 40-годишниот период на неговото постоење се темели пред се на извонредните кадровски потенцијали кои успеаја да имплементираат поголем број студиски програми на додипломско, постдипломско и докторско ниво. Во тој контекст главен императив, односно мисија на факултетот претставува:

Унапредување на квалитетот на образовните услуги; Создавање на квалитетни и конкурентни кадри на пазарот на трудот во земјава и странство и Подигнување на образовното ниво на целата македонска популација (се разбира пред се од доменот на кинезиологијата).

Студентите се темел за постоењето на секоја високообразовна институција, а во таа смисла и на нашиот Факултет. Како рамноправни членови на Академската заедница, континуирано се трудиме истите да го заземат правото место и значење. Младите колеги, во целост се третираат како вредност во која безрезервно инвестираме труд и знаење. На овој начин сигурни сме дека по нивното дипломирање истите успешно ќе го претставуваат нашиот Факултет во сите сфери на општественото живеење и истите ќе бидат нашите најдобри амбасадори. На крај, би сакалe на сите сегашни и идни студенти да им честитаме за вистинскиот избор на високообразовна институција и им посакуваме успешен академски живот.

Студиски програми

Додипломски студии Факултетот нуди 2 наставни програми на прв циклус на студии во следните области:

Физичко и здравствено образование (ФЗО) со времетраење од 4 години.

На оваа насока студентите може да се запишат редовно или вонредно и по дипломирањето се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити. По дипломирањето студентите се стекнуваат со титулата „Дипломиран професор по физичко и здравствено образование“.

Спортски тренери (СТ) со времетраење од 3 години.

На оваа насока студентите може да се запишат само вонредно и по дипломирањето се стекнуваат со 180 ЕКТС кредити. По дипломирањето студентите се стекнуваат со титулата „Дипломиран спортски тренер во избраната област или спорт“. Пример: Дипломиран професор по фудал. За оваа насока е потребно студентите да изберат еден спорт или област за изучување.

Примери за насоки или области:

Спортски тренер по алпинизам и спортско качување; Спортски тренер по кондициска подготовка; Спортски тренер по фитнес и бодибилдинг; Спортски тренер по фудбал; Спортски тренер по кошарка; Спортски тренер по ракомет итн.

Магистерски студии Факултетот нуди 3 наставни програми на втор циклус на студии во следните области:

Кинезиологија со времетраење од 1 година (2 семестри) или 2 години (4 семестри). Спортски менаџмент со времетраење од 1 година (2 семестри). Спортски туризам со времетраење од 1 година (2 семестри).

Докторски студии Факултетот нуди 1 наставнa програмa на трет циклус на студии во следната област:

Кинезиологија со времетраење од 3 години (6 семестри).

Органи Органи на факултетот се наставно-научен совет, декан и деканатска управа.

Наставно-научен совет (ННС) Наставно-научниот совет е орган на управување и стручен орган на факултетот. Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните професори, вонредните професори и доцентите кои се во работен однос на факултетот. Во наставно-научниот совет свои претставници избира и факултетското студентско собрание.

Декан Деканот на факултетот, е раководен орган. Деканот го претставува факултетот, во земјата и странство во согласност со статутот на универзитетот и статутот на факултетот. Вршењето на должноста декан и продекан, е неспојливо со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија. +Деканат на Факултетот за физичко образование, спорт и здравјеФункцијаИме и презимеПредметДеканПроф. д-р Влатко НеделковскиРакометПродекан за наставаПроф. д-р Андријана МисовскиОдбојкаПродекан за меѓународна соработка и наукаПроф. д-р Небојша МарковскиФудбал

Деканатска управа Деканатската управа, е орган на управување на факултетот и може да има најмалку пет, а најмногу 15 члена. Деканатската управа, ја сочинуваат:

Деканот и продеканите; Раководителите на внатрешните наставно-научни организациони единици определени со статутот на факултетот; Најмалку еден член избран од факултетското студентско собрание.

Надворешни врски

Официјална веб-страна на Факултет за физичко образование, спорт и здравје

Наводи

Категорија:Факултети при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“