Аквамен () — американски суперхеројски филм во режија на Џејмс Ван. Тоа е шестиот филм во Проширената вселена на DC по Лига на правдата (2017), а исто така е и дополнение. Улоги: Џејсон Момоа, Амбер Херд, Патрик Вилсон, Вилем Дефо, Долф Лундгрен и Никол Кидман. Снимањето започнало во мај 2017 г. во Голд Коуст, Австралија. Студиото Warner Bros. Pictures го објавило филмот во форматите 2D, 3D и IMAX. Бил пуштен во широко издание во Македонија на 13 декември 2018 г., а во САД на 21 декември 2018 г.

Содржина Роден на бреговите на површинскиот свет, Артур Кари открива дека е само половина човек, а другата половина од неговата крв е од атлантско потекло, што го прави вистинскиот наследник на престолот на подморското кралство Атлантида. Меѓутоа, Артур дознава дека со Атлантида управува неговиот злонамерен полубрат Орм, кој се обидува да ги обедини седумте подводни кралства и да води војна на површината. Со помош на Нујдис Вулко и прекрасната Мера, Артур мора да го открие целосниот потенцијал на неговата вистинска судбина и да стане Аквамен за да ја спаси Атлантида и површината од злобниот заговор на Орм.

Улоги ГлумецУлогаЏејсон МомоаАртур Кари / АкваменАмбер ХердМераВилем ДефоНујдис ВулкоПатрик ВилсонОрмДолф ЛундгренНерејЈахја Абдул-Матин IIДејвид Кејн / Црната МантаТемуера МорисонТомас КариНикол КидманАтланаЏон Рис-Дејвискралот Брајн (глас)

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2018 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Американски научнофантастични филмови