Стадионот Френсис Филд () е стадион на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, кој се користи за атлетика, фудбал и американски фудбал. Се наоѓа во Сент Луис, Мисури, на крајниот дел од кампусот Данфорт. Изграден е во времето на Светската изложба во 1904 година, а исто така се користел и како главен стадион за Летните олимписки игри во 1904 година, кои тогаш се одржувале во Соединетите Американски Држави. На игрите главно се користел за атлетика. Во својот врв, стадионот имал капацитет за 19.000 луѓе, но во 1984 г. бил реновиран и намален капацитет на 4.000 луѓе. Тој е еден од најстарите спортски објекти западно од реката Мисисипи кој сè уште е во употреба. лево|мини|455x455пкс|Стадионот за време на Летните олимписки игри 1904 година.
Наводи
Поврзано
Летни олимписки игри 1904 година
Категорија:Олимписки стадиони Категорија:Летни олимписки игри 1904