Муфтиство — област што вклучува неколку џемати кои сочинуваат територијална единица. Во исклучителни случаи, муфтиството може да се организира на функционално начело или екстериторијално со посебна внатрешна структура. Одлука за основање на муфтиство и одредување на неговото седиште донесува Собранието на Исламската верска заедница на предлог на Ријасетот. Во Исламската верска заедница на Македонија бројот на муфтиства е определен со нејзиниот устав.
Муфтиство се нарекува и управното тело кое раководи со таа територијална единица. Тоа е основен орган на исламската верска заедница. Со муфтиството раководи муфтија. Покрај муфтијата, муфтиството го сочинуваат главниот имам секретарот и избрани членови.
Поврзано Исламска верска заедница
Наводи
Категорија:Ислам Категорија:Арапски зборови Категорија:Турцизми Категорија:Зборови што не постојат во ТРМЈ