мини|Портрет на Георги Измирлиев Георги Измирлиев – Македончето — македонски и бугарски револуционер, воен раководител на Априлското востание.
Животопис Георги Измирлиев е роден во 1851 година во Горна Џумаја. Учи во Сер. Образованието го продолжува во Цариград, каде што и останува да живее. Активен член е на бугарската организација „Просвештение“. Работи во бугарско училиште во Фенер и како таков во учебната 1871–1872 година е старешина на класот на Трајко Китанчев и Димитар Благоев, примени како стипендијанти на „Просвештение“.
Со помош на рускиот конзул во 1873 година се запишува на военото училиште во Одеса, но истото не го завршува, туку во текот на Големата источна криза, околу Старозагорското востание, се среќава со Христо Ботев во Одеса и преку него се вклучува во делото на бугарските револуционери, кои по неуспехот на Старозагорското востание се подготвуваат за ново востание, основајќи го Ѓургевскиот револуционерен комитет. На крајот на 1875 година Измирлиев е во Ѓургево, избран од комитетот за помошник-апостол и за воен инструктор на Првиот револуционерен округ, чиј центар е Горна Орјаховица. Измирлиев заминува за центарот на неговиот округ и во следните месеци го подготвува Априлското востание. Поради неговата воена позадина, меѓу народот станува познат како Офицерина. Востанието избувнува предвреме. Измирлиев и други востаници се предадени и уапсени. Специјален суд во Трново, именуван од Високата порта, го осудува на смрт со бесење. Обесен е на 25-годишна возраст.
Наводи