Вилијам Џејмс Адамс Помладиот (англиски: William James Adams Jr.; роден на 15 март 1975), професионално познат како will.i.am (се изговара „Вил-ај-ем“) ― американски рапер, пејач, текстописец, музички продуцент, глумец и претприемач. Најпознат е како основач и фронтмен на музичката група Black Eyed Peas, која ја основал со музичарите apl.de.ap и Taboo во 1995 година. Групата објавила девет студиски албуми; најголемиот успех го имала за време на нивната поп-рап ера во 2000-тите со албумите:Elephunk (2003), Monkey Business (2005), The END (2009) и The Beginning (2010).

Покрај работата со The Black Eyed Peas, will.i.am започнал и соло-кариера. Неговиот прв соло-албум, Lost Change, го издал во 2001 година, а потоа ги издал албумите: Must B 21 (2003), Songs About Girls (2007) и #willpower (2013). Негови најпознати песни од неговата соло-кариера се: „Scream & Shout“ со Бритни Спирс, „#thatPOWER“ со Џастин Бибер, и „Bang Bang“.

Како плоден продуцент и текстописец, Адамс соработувал на синглови и албуми за други изведувачи, вклучувајќи ги: Мајкл Џексон, Ријана, Мајли Сајрус, Кање Вест, Џенифер Хадсон, U2, Кеша, Лејди Гага, Псај, Џастин Тимберлејк, Ники Минаж, Нас, Џон Леџенд, Шерил и 2NE1, меѓу другите. Во 1998 година, основал своја истоимена издавачка куќа, која потпишала договор со музичари како: LMFAO, Келис и Мејси Греј.

Добитник е на седум Греми награди, Латино Греми награда и Еми награда за серија во дневен термин.

Рани години и почетоци на кариерата Вилијам Џејмс Адамс Помладиот бил роден на 15 март 1975 година во Лос Анџелес. Никогаш не го запознал неговиот татко и бил одгледан од неговата мајка во населбата Бојл Хајтс во Лос Анџелес. Не го открил неговото целосно родено име до неговата 25 година.

Додека учел во средното училиште Џон Маршал, Адамс станал најдобар пријател со Алан Пинеда (естрадно познат како apl.de.ap), кој подоцна ќе стане член на Black Eyed Peas. Додека биле во средно училиште, Адамс и Пинеда настапувале во клубови во источен Лос Анџелес и набрзо со уште тројца други членови ја основале рап-групата Atban Klann. Atban Klann го привлекла вниманието на раперот Eazy-E и во 1992 година тие потпишале со неговата издавачка куќа Ruthless Records.

Музичка кариера

1988-2000: Состави и Black Eyed Peas мини| will.i.am настапува со Black Eyed Peas во јуни 2009 година Музичката кариера will.i.am ја започнал како осмоодделенец кога се запознал со раперот Алан Пинеда (познат како apl.de.ap) и со музичарот Данте Сантјаго. Тие настапувале заедно низ Лос Анџелес и набрзо биле откриени од Eazy-E, кој им понудил договор со неговата издавачка куќа Ruthless Records во 1992 година. Во тоа време, Вил бил познат како „Will 1Х“. Триото почнало да снима албум, Grass Roots. Албумот никогаш не бил издаден поради смртта на Изи-Е во 1995 година. Потоа, тие го смениле името во Black Eyed Pods, а Вил го заменил Данте со Хаиме Гомез, познат под неговото уметничко име Taboo. Во 1997 година, тие повторно го смениле името, овој пат во Black Eyed Peas и со помош на соул-пејачката Ким Хил почнале да го снимаат нивниот прв албум, Behind the Front. Наскоро потпишале договор со Interscope Records и на почетокот од 1998 година го објавиле нивниот прв сингл „Joints & Jam“. Албумот бил доволно успешен за да им овозможи обновување на договорот со издавачката куќа, а во 2000 година го издале вториот албум, Bridging the Gap.

2001–2009: Почетоци на соло-кариера и успеси со Black Eyed Peas Неговиот прв соло-албум, Lost Change, го издал во 2001 година, а подоцна ги издал албумите: Must B 21 (2003), Songs About Girls (2007) и #willpower (2013).

Во 2002 година на групата Black Eyed Peas ѝ се приклучила пејачката Ферги. Со Ферги како пејачка во групата се стекнала со светска слава. Пробивот на светската музичка сцена го имале со со албумот Elephunk (2003), кој ги содржеше хитовите „Where is the Love?“, „Shut Up“ и „Let’s Get It Started“, кој во 2005 година освоил Греми награда за најдобра рап-изведба од дуо или група, а исто така бил номиниран за запис на годината и за најдобра рап-песна.

Во 2005 година, Black Eyed Peas го издале албумот Monkey Business, кој исто така постигнал огромен успех. Хитовите „Don't Phunk with My Heart", „My Humps" и „Pump It" станале меѓународни хитови. За „Don't Phunk with My Heart" групата освоила уште едно Греми за најдобра рап-изведба од дуо или група. Вил го продуцирал првиот соло-албум на Ферги, The Dutchess, кој бил издаден во 2006 година, а потоа соработувал со Мајкл Џексон, кој го поканил Вил да го продуцира на неговиот нов албум. Работата на албумот на Џексон започнала во 2006 година и траела до смртта на Џексон во 2009 година, по што will.i.am рекол дека снимениот материјал во тој период нема да биде објавен. Сепак, ремиксите снимени за јубилејниот албум на Џексон Thriller 25 биле објавени во 2008 година. мини| will.i.am со Шерил Кроу и Херби Хенкок; на концерт по повод инаугурацијата на Барак Обама во Линколн Меморијал, 18 јануари 2009 Во 2008 година, бил вклучен на деби-албумот од раперот Фло Рајда, Mail on Sunday, каде што ја продуцирал и пеел на песната „In the Ayer“ и се нашол на петтиот албум од Ашер, Here I Stand. Во јануари 2008 година, will.i.am објавил дека е главен организатор на политичкиот албум „Change is Now: Renewing America's Promise“, како поддршка на претседателската кампања на Барак Обама. Првиот сингл од албумот, „Yes We Can“, во 2008 година освоил Еми награда за „Нов пристап во дневна забава“. Во чест на инаугурацијата на Барак Обама за претседател, will.i.am соработувал со продуцентот Дејвид Фостер на четвртиот сингл од албумот, „American Song“, со вокали од Сил, Боно, Мери Џеј Блајџ и Фејт Хил. Како одговор на реакцијата на Обама по прекинувањето на говорот на Тејлор Свифт од страна на Кање Вест на MTV Видео музичките награди во 2009 година, will.i.am го напишал петтиот и последен сингл од албумот, „The Jackass Song“. Содржел примерок од „Heartless“ од Кање Вест.

На 3 јуни 2009 година Black Eyed Peas го издале албумот The E.N.D. (The Energy Never Dies), кој го означил нивниот премин кон електронска музика.

2010–Денес: Нов состав на Black Eyed Peas, соработки и подоцнежни проекти лево|мини| will.i.am во Лос Анџелес во 2010 година Вил соработувал со Ријана за нејзиниот четврти студиски албум, Rated R, за песната под наслов „Photographs“. Во февруари 2010 година, тој го напишал и го продуцирал синглот „OMG“ од Ашер. Во видео на YouTube објавено од YGLifeOfficial на 15 март 2010 година, will.i.am изразил желба да соработува со корејската К-поп група 2NE1 и да им помогне да стекнат светска популарност. Вил снимил соработка со Бритни Спирс, „Big Fat Bass“, која се наоѓа на нејзиниот седми студиски албум, Femme Fatale.

За време на снимањето на шестиот студиски албум на Black Eyed Peas, The Beginning, Ферги во интервју рекла дека will.i.am снима на нов соло-албум, под работен наслов Black Einstein. Во јануари 2010 година, исечок од албумот, „I'm In the House“, соработка со Стив Аоки, бил издаден како сингл. Во октомври 2010 година, бил објавен втор исечок од албумот, „Check It Out“, во соработка со раперката Ники Минаж, и во февруари 2011 година бил објавен третиот исечок од албумот, „Dance“, во соработка со Наталија Килс. Во април 2011 година, will.i.am снимил четири песни за саундтракот од анимираниот филм Рио, во кој тој го глумел ликот на Педро: „Hot Wings (I Wanna Party)“, „Drop It Low“, „Real In Rio“ и „Advice For The Young At Heart“, со низа уметници како Џејми Фокс, Ен Хатавеј и Tears for Fears. Ниту една од песните не се пробила на топ-листите, но Вил објавил дека ќе ги ремиксира песните и ќе ги вклучи на Black Einstein. Во септември 2011 година, четвртиот исечок од албумот, „"Forever“, соработка со Волфганг Гартнер, бил објавен како сингл. Will.i.am објавил дека го сменил насловот на албумот од Black Einstein во #willpower. Видеото беше премиерно прикажано на 26 август 2011 година. Во ноември 2011 година, Вил премиерно го претставил официјалниот водечки сингл од албумот, „The (The Hardest Ever)“, соработка со Џенифер Лопез и Мик Џегер. Во декември 2011 година, петтиот дел од албумот, „Party Like Animal“, соработка со холандската пејачка Ева Симонс и LMFAO, бил премиерно прикажан на забавата на HTC Beats Launch. Will.i.am исто така објавил дека на албумот има соработки со Бритни Спирс, Алиша Кис, Баста Рајмс, Свиз Биц и уште неколку други музичари. Тој исто така изјавил дека постои можност Шакира да се појави на албумот. #willpower требало да се појави во 2013 година, а will.i.am подоцна потврдил дека Шерил и Џастин Бибер исто така ќе се појават на #willpower. Во средината на октомври, Бритни Спирс на нејзиниот Твитер профил потврдила дека го снимила спотот за синглот „Scream & Shout“.

Првата песна емитувана од Марс бил неговиот нов сингл, „Reach for the Stars“.

Се појавил во деби-синглот од Пријанка Чопра „In My City“. Во октомври 2012 година било објавено дека will.i.am ќе се појави на вториот албум од Кеша, Warrior, на песната „Crazy Kids“. Тој, исто така, бил коавтор и копродуцент на песната што ја продуцирал Dr Luke. лево|мини| will.i.am присуствува на неговата забава по повод издавањето на албумот #willpower во Холивуд, Лос Анџелес, 2012 година Неговиот четврти студиски албум, #willpower, бил реиздаден во декември 2013 година со неколку нови песни, вклучувајќи го и водечкиот сингл „Feelin' Myself“ со Мајли Сајрус, Френч Монтана и Виз Калифа. десно|мини| will.i.am во 2018 година Во март 2020 година, will.i.am соработувал со група-музичари составени од Боно, Џенифер Хадсон и Јошики за песната „Sing For Life“. Музичарите биле мотивирани од чувството на очај поврзано со пандемијата на КОВИД-19 и обидите на повеќе поединци да продолжат со креативни потфати додека се соочуваат со нови социјални ограничувања. Официјалниот опис на YouTube навел дека песната има за цел да шири „радост“ за време на искушенијата во „вакви времиња“. Во 2023 година, ги објавил сингловите „The Formula“ (со Лил Вејн ) и четвртата заедничка песна со Бритни Спирс насловена „Mind Your Business“; двете песни биле критикувани од критичарите и не успеале да се пробијат на домашните или светските топ-листи.

Во февруари 2024 година, will.i.am се појавил како гостин на Ашер за време на концертот на полувремето на Супер Боул, изведувајќи ја песната „OMG“

Други потфати

Глума The Black Eyed Peas, вклучувајќи го и will.i.am, првпат глумеле во пропагандната серија „Instant Def“ како реклама за Snickers. Глумел во Мадагаскар: Бегство во Африка каде го позајмил гласот на нилскиот коњ Мото Мото. Исто така, во соработка со композиторот Ханс Цимер придонел со многу песни за саундтракот од филмот. Will.i.am го глумел Џон Рејт во неговото позначајно филмско деби, X-Men Origins: Wolverine. Тој, исто така, гостувал во драмата на CBS, Џоан од Аркадија како Бог, еден од неколкуте глумци кои ја играле оваа улога за време на серијата. Глумел во анимираниот филм Рио од 2011 година и Рио 2 од 2014 година, како птицата што рапува, Педро. Се појавил во документарниот филм номиниран за Греми во 2016 година за американскиот диџеј и продуцент Стив Аоки, под наслов Ќе спијам кога ќе бидам мртов (англ. I'll Sleep When I'm Dead).

Гласот на Велика Британија и Австралија Will.i.am се здобил сопризнание како судија и тренер во музички натпреварувачки емисии. Од 2012 година, тој бил тренер во британската верзија на шоуто The Voice, како и во неговата детска верзија The Voice Kids(2017-2023). Неговото менторство помогнало на многу талентирани пејачи да се издигнат во музичката индустрија.

На 26 ноември 2013 година, will.i.am бил најавен како тренер за австралиската верзија на The Voice заедно со колешката Кајли Миног.

Технологија и претприемништво