Општина Маково, именувана и како Месен народен одбор Маково ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Историја 1913-1915 Општина Маково за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус, Рапеш и Тимонија. Општината била дел од Прилепскиот Срез, Битолски Округ.
1915-1918 Општина Маково продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Прилепската Околија, Битолски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Маково продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус и Рапеш.
1945-1955 Месниот народен одбор Маково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Маково, Рапеш и Орле. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маково не претрпел територијални промени. МНО Маково тогаш припаѓал во Битолската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маково бил проширен на сметка на укинатиот МНО Брник со селата Брник и Ивени, како и на сметка на укинатиот МНО Мусинци со селото Мојно. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Маково останала територијално непроменета. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Маково била укината, на сметка на новата Општина Мариово која ги добила селата Брник, Маково, Орле и Рапеш, на сметка на проширената Општина Новаци која го добила селото Ивени, како и на сметка на проширената Општина Тополчани која го добила селото Мојно.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Маково имала 1,556 жители, односно вкупното население на Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус, Рапеш и Тимонија.
Според пописот од 1921 година, Општина Маково имала 1,126 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.
Според пописот од 1931 година, Општина Маково имала 1,462 жители, од кои 744 биле мажи, а 688 биле жени. Општината се состоела од 264 куќи и 2646 домаќинства.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Маково имал 985 жители, односно вкупното население на Маково, Орле и Рапеш. Од таа бројка, сите биле Македонци.
Според пописот од 1953 година, Општина Маково имала 1,865 жители, односно вкупното население на Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле и Рапеш. Од таа бројка, 1,863 биле Македонци, додека 2 биле Срби.
Следува табела по населени места:Popis stanovništva 1953. Knjiga 13, Stanovništvo i domačinstva. Podaci za naselja i delove naselja prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 1959 +Население и домаќинства во 1953Населено местоДомаќинстваЖителиБрник40228Ивени53321Маково77455Мојно30209Орле27224Рапеш74428Вкупно3011.865
Следува табела по пол и возраст:Popis stanovništva 1953. Knjiga 11, Starost, pismenost i narodnost. Podaci za opštine prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 1960 +ПолВкупноВкупно население по возраст0-45-910-1415-1920-2425-2930-3435-3940-4445-4950-5455-5960-64над 65непознатовк.1.86530116719522019416912348736871776691 2м.97814588106120100786426393241443657 2ж.887156798910094915922343630333034 -
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Забелешки
Наводи
Маково Маково Маково Маково Категорија:Прилепска Околија Категорија:Мариовска Околија Категорија:Битолска Околија