Покров на Пресвета Богородица — главна селска црква во кочанското село Долни Подлог, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во источниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Во минатото, во селото постоело црквиштето „Св. Атанас“, а на тоа место до 1912 година еден Турчин чувал сено. По ослободувањето од Турците, црквиштето било откриено, а околу него се наоѓаат денешните македонски гробишта. Претходно, гробиштата се наоѓале јужно од селото.
Црквата започнала да се гради во 1950 година, а била осветена во 1967 година од страна на митрополитот Злетовско-струмичко г. Наум.
Галерија
Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Грдовска парохија Долни Подлог
Наводи
Надворешни врски
Долни Подлог