Марен Ларе Морис (англ. Maren Larae Morris; родена на 10 април 1990 година) ― американска пејачка и текстописец. Нејзините песни биле во кантри-стил со елементи на поп, современ ритам и блуз и хип-хоп музика. Морис освоила многу награди, вклучувајќи: Греми награда, Американска музичка награда, пет награди од Здружението за кантри-музика и пет награди од Академијата за кантри-музика.
Живот и кариера Морис е родена на 10 април 1990 година во Арлингтон. Нејзините родители биле сопственици на фризерски салон, кој сѐ уште постои. Морис голем дел од детството го поминала во салонот. Како дете организирала забава во салонот при што пеела караоке верзии на песни од Петси Клајн и Леан Рајмс. Импресиониран од природиот талент за пеење, нејзиниот татко ја убедил редовно да настапува.
Кога имала 12 години, нејзиниот татко ѝ купил гитара која ја инспирирала да почне да пишува песни.
2002–2015: Почетоци на кариерата во Тексас, преселба во Нешвил и пишување песни Кога имала 11 години таа започнала со настапи низ нејзината родна сојузна држава, Тексас. Нејзиниот татко бил нејзин менаџер и агент за резервации. Морис често настапувала во барови и клубови во Далас и Форт Ворт.
Во 2005 година, Морис го издала нејзиниот прв студиски албум под наслов Walk On. Албумот бил издаден од независната издавачка куќа Mozzi Bozzi и содржел десет песни кои Морис претежно сама ги напишала. Smith Music го издале вториот студиски албум на Морис во 2007 година, насловен All That It Takes.
Во нејзините доцни тинејџерски години, Морис била на аудиција на многу телевизиски серии за натпреварување во пеење, вклучувајќи ги: Американскиот идол, Америка има талент, Глас и Нешвилова Ѕвезда, но сите тие ја одбиле по аудицијата. Морис се запишала на студии на Универзитетот во Северен Тексас, но го напуштила по еден семестар. Во 2011 година, издавачката куќа Mozzi Bozzi го издала нејзиниот трет студиски албум под наслов Live Wire.
Морис се преселила во Нешвил каде се запознала со Карла Валас од Big Yellow Dog Music. Воодушевена од нејзиното пишување песни, Валас ѝ понудила четиригодишен договор како текстописец во компанијата. Песните кои Морис ги напишала биле снимени од неколку кантри-музичари. Ова започнало со Тим Мекгро, кој ја снимил „Last Turn Home“ за неговиот албум од 2014 година, Sundown Heaven Town. Друга песна, „Second Wind“ била снимена од Кели Кларксон за нејзиниот албум Piece by Piece од 2015 година.
2016–2017: Пробив на музичката сцена Во август 2015 година, Марен Морис на Spotify сама објавила пет песни од истоимениот мини-албум, Maren Morris. За еден месец песните биле пуштени 2,5 милиони пати на Spotify за еден месец, а три песни се појавиле на американската и светската топ-листа „Viral 50“ на Spotify. Успехот на мини-албумот на Морис го привлекло вниманието од големи издавачки куќи и во септември 2015 година таа потпишала договор за издавање (а подоцна и договор за снимање) со Колумбија Нешвил.
Во 2016 година, „My Church“ станал прв голем хит-сингл на Морис. Во 2018 година за песната освоила Греми награда за „Најдобра кантри соло-изведба. Првиот студиски албум со Колумбија Нешвил го објавила во јуни 2016 година под наслов Hero. Покрај „My Church“ од Hero биле објавени уште три сингла: „80's Mercedes", „I Could Use a Love Song" и „Rich". Со исклучок на „80's Mercedes“, сите синглови се пласирале во првите десет на топ- листата за кантри-музика од Билборд.
2018–Денес: Премин кон поп-музика, нови соработки и продолжување на успехот во кантри-музиката Во 2018 година, Морис соработувала со Зед и Grey и била пејачка на нивниот поп-сингл „The Middle“. Песната се искачила на петто место на Billboard Hot 100 и меѓу најдобрите десет на топ-листите во многу други земји. мини|Марен Морис на iHeartRadio Music Awards во Лос Анџелес во 2019 година Во март 2019 година, го објавила следниот студиски албум, Girl. Албумот бил мешавина на кантри-музика со други музички стилови и содржел песни во соработка со други музичари. Дует верзијата со Хозиер станал нејзин втор поп-хит, достигнувајќи го 12-тото место на Hot 100. Во 2019 година, албумот Girl ја освоил наградата за албум на годината на Наградите од Здружението за кантри-музика, а Марен Морис ја добила наградата за пејачка на годината од здружението. Подоцна, на наградите од Академијата за кантри-музика Морис исто така била прогласена за пејачка на годината (во 2020 и во 2021 година).
Во март 2019 година, било објавено дека Морис со уште три други пејачки ќе основа група под името The Highwomen. Групата The Highwomen за прв пат настапиле во живо во април 2019 година на концертот од Лорета Лин по повод незиниот 87-ми роденден. „Redesigning Women“ бил објавен на 19 јули 2019 година, како прв сингл од истоимениот прв албум од групата објавен во септември 2019 година.
Во март 2022 година го објавила нејзиниот следен студиски албум Humble Quest. Pitchfork му дал оценка 8.0, нарекувајќи го „фактички мајсторски“. Ролинг Стоун му дал 3,5 ѕвезди. Албумот ги соборил Гинисовите рекорди за најмнугу емитувања на кантри-албум од пејачка во првиот ден и првата недела по објавувањето на Amazon Music.
Кон крајот на 2023 година, Морис најавила дека се повлекува од жанрот кантри-музика. За Лос Анџелес Тајмс изјавила дека причината за нејзината одлука е тоа што „кажала сè“ што сакала да каже. Кон крајот на 2023 година, Колумбија објавила мини-албум под наслов The Bridge. ЕП-то ги содржи нумерите „The Tree“ и „Get the Hell Out of Here“. Грег Курстин и Џек Антоноф биле продуценти на песните. Таа, исто така, објавила дека планира да работи на нов албум со Антоноф.
Личен живот алт=A picture of singer Ryan Hurd strumming a guitar and singing while on a stage.|десно|мини|200x200пкс| Морис се омажила за Рајан Херд во 2018 година. Во декември 2015 година Марен Морис започнала врска со кантри-пејачот Рајан Херд. Тие ја објавиле нивната свршувачка во јули 2017 година и се венчале на 24 март 2018 година во Нешвил. Нивниот син бил роден во март 2020 година. Морис поднела барање за развод во октомври 2023 година, а договорот за развод бил склучен во јануари 2024 година.
Морис се изјаснила како бисексуалка на 9 јуни 2024 година.
Дискографија
Hero (2016) Girl (2019) Humble Quest (2022)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски кантри пејачки Категорија:Американски ЛГБТ-пејачи Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Пејачи од Тексас Категорија:Пејачи од Нешвил Категорија:Американски кантавторки Категорија:Пејачи од Далас