Градус (ознака: g) — поретко користена мерна единица за големината на аголот. Дефинирана е како четиристоти дел од полн агол (360°), т.е. 360° = 400 g. Ова исто така важи и за 1 g = 0,9° = π/200 rad.

Градусот бил создаден како дел од метричкиот систем на единици за време на Француската револуција во обид да се децимализираат и стандардизираат сите единици. Едно време, метарот бил дефиниран како десетмилионити дел од растојанието од екваторот до полот (по должината на меридијанот). Ова создало непријатност при претворањето на географската ширина и должина во растојание бидејќи еден степен изнесувал 111,11 км. Изумот на градусот го олеснил претворањето на мерните единици бидејќи еден градус бил точно 100 км во географска ширина.

За разлика од другите метрички единици, градусот никогаш не заживеал и не го заменил традиционалниот степен, и најпосле во 1960 година не станал дел од Меѓународниот систем на единици (SI).

Поврзано Морска милја — првично дефинирана како една минута географска ширина.

Наводи

Надворешни врски Речник на геодетска информатика: мерни единици на агол

Категорија:Геометрија Категорија:Единици за агол Категорија:Единици вон SI