Благородна Лазова Ивева, повеќе позната по името Родна Ивева (Велес, 12 февруари 1922 ― Војница, 16 декември 1942) ― истакната македонска партизанка и учесник во народното ослободително движење во Велес и Велешко. Членка во народната ослободителна армија на Македонија, комунистичката партија на Југославија и Антифашистичкиот фронт на жените од Македонија. еден од најстарите членки во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. За време на НОБ во Битката кај Војничка пештера таа храбро и трагично загинала кога била стрелана од страна на бугарските фашистички окупатори. После втората светска војна нејзините посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница каде што се наоѓаат и ден денес.
Животопис Родена е во маалото Јурија, Велес, нејзиното маало е познато како маало на револуционерите во Велес заради тоа што многумина велешки револуционери и партизани потекнувале од маалото како Миле Поп Јорданов, Киро Чучук, Јовче Ќучук и многу други. Произлегла од сиромашно земјоделско семејство. Нејзиниот татко Лазо Ивев со својата бедна заработувачка одвај ја прехранувал фамилијата, заради тоа Родна Ивева во млади години ѝ помогнала на нејзиниот татко. Во велешкиот монопол таа за прв пат во нејзиниот живот се сретнала со комунизмот и социјализмот, којшто би имало големо влијание врз нејзе. Помеѓу 1938 и 1939 година кога била 16-17 години се приклучила во Сојуз на комунистичката младина на Југославија. Како членка таа учествувала во средби, штрајкови и протести организирани од СКОЈ, во 1941 година пред априлската војна таа станал членка во комунистичката партија на Југославија.
Приклучување во НОБ Со распаѓањето на Кралството Југославија под окупација на фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија во краткотрајната априлска војна Родна Ивева работеле во велешкиот монопол. Таа ја имала улогата на собирајќи материјали и куршуми за народното ослободително движење во Велес и Велешко. Таа патувала во различни села собирајќи доброволци и постапила врски низ реонот за поволни услови за формирањето на велешки партизански одред. Во 1942 година со формирањето на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ таа собирала доброволци од Велешко.
За време на септември 1942 година кога собирала доброволци во селото Рудник некој ја пријавила кон бугарските фашистички полициски сили, заради тоа после неколку часа пристигнала бугарската окупациска армија. За да не била заробена од страна на бугарските фашистички окупатори таа одлучила да избегне од селото и се приклучила во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Таа била расместена во втората чета на одредот. Поради нејзините дејства и храброст во декември 1944 година во бугарскиот воен суд била осудена за смрт заради тоа што не се предала и не се приклучила во бугарската армија како дел од воениот рок. После неколку битки и борбени судири нејзината чета била во селото Војница кај селските пештери.
Во 16 декември 1942 година кога била во пештерата била откриена од една ловџија којшто ги пријавил кај бугарската полициска сила. После неколку часа бугарската армија заедно со квислингската велешка контрачета ги нападнале партизаните во Битката кај Војничка пештера. За време на битката Родна Ивева храбро и трагично загинала. После војната со отворањето на велешката спомен костурница во 11 октомври 1979 година нејзините посмртни остатоци биле пренесени во костурницата заедно со Кочо Рацин, Димче Мирчев и многумина други истакнати велешки партизани. Остатоците во костурницата уште се присутни ден денес. По негова чест неколку улици во нејзиното родно маало Јурија го носи нејзиното име.Бетониран крак од улица Родна Ивева (19 јули 2017) од советот на Општина Велес
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Војница Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1942 година Категорија:Жртви во Битката кај Војничка пештера Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Македонски партизани