Лејвеј Лин Бинг Јонсдотир (исландски: Laufey Lín Bing Jónsdóttir; кинески: 林冰; пинјин: Lín Bīng; роден на 23 април 1999 година), позната како Лејвеј (исландски: Laufey) ― исландска пејачка и музичар.

Рани години и образование Лејвеј Лин Бинг Јонсдотир била родена на 23 април 1999 година во Рејкјавик во Исланд. Нејзиниот татко е Исланѓанец, а мајка ѝ е Кинеска, по потекло од Гуангџоу. Нејзината мајка била класичен виолинист. Во детството, две години живеела во Вашингтон, а во 2008 година се вратила во Рејкјавик. Лејвеј почнала да учи пијано на четири години, а виолончело на осум години. Дипломирала во 2018 година на Музичкиот колеџ во Рејкјавик, каде што студирала и пеење. Детството го поминала на релација Рејкјавик и Вашингтон, но и во посети на Пекинг.

На 15-годишна возраст, Лејвеј настапувала како солист на виолончело со Исландскиот симфониски оркестар. Во 2014 година се натпреварувала на Исланд има талент и успеала да се пласира во финалето. Следната година се натпреварувала на The Voice Iceland и стигнала до полуфинале. Во тоа време, таа била најмлад натпреварувач во историјата на серијата.

Во 2021 година Лејвеј дипломирала со претседателска стипендија на музичкиот колеџ „Беркли“, а од октомври 2023 година живее во Лос Анџелес.

Кариера мини|250x250пкс| Лејвеј во 2021 година На 6 април 2020 година, Лејвеј го објавила нејзиниот прв сингл „Street by Street“, кој се пробил до прво место на топ-листата на Исландското радио (RÚV). Првиот мини-албум, Typical of Me, го објавила на 30 април 2021 година. Мини-албумот ја содржел песната „Street by Street“ и шест други песни. Списанието Ролинг Стоун особено ја пофалил нејзината изведба на песната „I Wish You Love“, а American Songwriter го вклучил мини-албумот на нивниот список од најдобри албуми за 2021 година. Исто така, Typical of Me добил внимание од музичари како Били Ајлиш.

Истата година, Лејвеј настапила на Лондонскиот џез фестивал. Речиси истовремено, во соработка со оркестарот на Лондонската филхармонија, таа ја снимила и ја објавила песната „Let You Break My Heart Again“. Во декември 2021 година, во соработка со пејачката Доди, го издала синглот „Love to Keep Me Warm“, преработка на песната „Winter Weather“ од Тед Шапиро.

Нејзиниот прв албум, Everything I Know About Love, бил објавен на 26 август 2022 година и добил позитивни критики.

Во август 2023 година, било објавено дека Лејвеј потпишала светски договор за издавање со Warner Chappell Music (WCM). Нејзиниот втор албум, Bewitched, бил објавен на 8 септември 2023 година. Албумот бил пофален од критичарите, а на Лејвеј ѝ ја донел првата Греми награда, награда за најдобар традиционален поп вокален албум на 66-тото годишно доделување на Греми наградите одржано во февруари 2024 година.

Дискографија Студиски албуми

Everything I Know About Love (2022) Bewitched (2023)

Наводи

Категорија:Добитници на Греми Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“ Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Исландски виолинисти Категорија:Исландски музичари Категорија:Исландски пејачи Категорија:Виолончелисти Категорија:Џез-поп пејачи Категорија:Исландски пијанисти Категорија:Статии со извори на кинески (zh) Категорија:Џез-пејачки