Света Злата Мегленска — прва македонска црква во Загреб, Хрватска.

Местоположба

Црквата се наоѓа во Загреб, во непосредна близина на Загребачката авенија.

Историја

Камен-темелникот за црквата бил поставен на 26 октомври 2014 година како прва македонска црква во Хрватска.„Ставени темелите на македонската црква во Загреб“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 4. Истата била осветена на 21 мај 2023 година од страна на архиепископот г.г. Стефан во сослужение со српскиот патријарх Порфириј. На осветувањето присуствувал и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој го добил и највисокото одликување на Македонската православна црква, Орденот на Свети Климент Охридски, како знак за благодарност и искрено пријателство.

Архитектура

Црквата е дело на архитектите Зоран Бошевски, Борис Флолиќ, Жељко Голубиќ, кои се дел од Студио БФ, а била проектирана во периодот 2008-2009 година.

Бидејќи црквата е сместена до авенија со силен сообраќај, истата нема отворен пристап, туку преку перфориран ѕид се создава предворје, кое служи како заштитен двор.

Изгледот на црквата е во облик на квадратен волумен со цилиндричен свод кој се протега низ целата должина, а се дистанцира странично од ѕидовите и завршува во карпест иконостас.

Галерија

Поврзано Јужноевропско архијерејско намесништво Загреб

Наводи

Надворешни врски

Загреб