Основно училиште „Никола Карев“ (официјално: Подрачно основно училиште „Никола Карев“ - Тркање; скратено: ПОУ „Никола Карев“) — подрачно основно училиште во селото Тркање, составен дел на истоименото училиште од градот Кочани, Општина Кочани.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Галерија

Поврзано ОУ „Никола Карев“ - Кочани ПУ „Никола Карев“ - Грдовци

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кочани Тркање Категорија:Тркање (село)