The Plant List (во прев. „Список на растенија“) — список на ботанички називи на растенија создаден од Кралските ботанички градини во Кју и Ботаничката градина на Мисури и пуштен во 2010 г. Бил предвиден како сеопфатна евиденција на сите познати називи на растителните видови во историјата, во склоп на Глобалната стратегија за заштита на растенијата. Базата не е подновена од 2013 г. бидејќи проектот е заменет од World Flora Online.

World Flora Online Во октомври 2012 г. е пуштен проектот World Flora Online како замена за постоечкиот, со цел да објави податоци за сите растенија до 2020 г. Ова е проект на Ковенцијата за биоразновидноста на ОН, со цел да се запре загубата на растителни видови до таа година. Разработен е во соработка на група установи од светот за да ги опфати сите видови растенија до 2020 г.

Постои и придружниот проект Меѓународен индекс на растителни имиња (IPNI), во кој е исто така вклучена ботаничката градина во Кју. IPNI има задача да даде подробни информации за трудовите кои ги опишуваат растенијата, а не да одреди кои се прифатени видовни имиња. Новообјавените имиња автоматски се префрлаат од IPNI во Светскиот контролен список на избрани растителни семејства (World Checklist of Selected Plant Families), базата на која работел Plant List.

Содржина The Plant List има 1.064.035 научни имиња на растенија на ниво на видови, од кои 350.699 се прифатени видовни имиња од 642 растителни семејства и 17.020 растителни родови. На списокот се прифатени 350.699 поединечни видови со 470.624 нивни синоними, што значи дека многу видови имаат повеќе од едно име. Во 2014 г. The Plant List имал уште 243.000 „неразрешени“ имиња, што значи дека ботаничарите дотогаш не успеале да одредат дали се работи за одделен вид или дуплирање на поединечните видови.

Поврзано Меѓународен индекс на растителни имиња Plants of the World Online Викивидови

Наводи

Надворешни врски

World Flora Online — флора од сите познати видови на светот State of the World's Plants

Категорија:Ботаничка номенклатура Категорија:Бази на биолошки податоци Категорија:Таксономија на растенијата