мини|десно|Запалени стрништа кај Прилеп, како извор на аерозагадување во 2024 год. Палењето на стрништата е практика на намерно палење на стрништата што остануваат по жетвата на житарките, како оризот и житото. Техниката се користи за брзо и евтино чистење на полињата. Таа е широко распространета и денес.
Палењето на стрништата е поврзано со зголемено загадување на воздухот поради контаминацијата со честички што ја дистрибуираат во атмосферата.
Ефекти мини|десно|Изгорен еж од палење на стрништа во Украина, 2022 Палењето на стрништата може да има позитивни и негативни ефекти.
Генерално корисни ефекти
Поевтина и полесна во споредба со другите методи Помага во борбата против штетници и плевели Може да го намали врзувањето на азот
Генерално штетни ефекти
Губење на хранливи материи. Аерозагадување од чадот. Вклучувајќи ги и стакленичките гасови кои ја оштетуваат озонската обвивка. Ризик од ширење на пожари надвор од контрола. Дополнително, пролонгираното горење на стрништата ја уништува корисната микрофлора и фауна во почвата што ја намалува органската материја и ја уништува рамнотежата јаглерод-азот.
Ставови кон палењето на стрништата thumb|Запалени стрништа во Есекс, Англија во 1986 год.
Во Македонија со Законот за земјоделско земјиште забрането е палењето на оган во посевите, стрништата и во нивна близина, но поради малите казни тоа останува честа практика. Палењето на стрништата е забрането во Обединетото Кралство од 1993 година. Вооченото зголемување на црна трева, а особено на црна трева отпорна на хербициди, доведе до кампања на некои земјоделци за враќање на практиката. Во Австралија палењето на стрништата "не е претпочитана опција за мнозинството земјоделци", но е дозволено и препорачано во некои околности. Во САД, палењето е често на средниот запад, но некои сојузни држави како Орегон и Ајдахо ја регулираат оваа практика. Во ЕУ, Заедничката земјоделска политика силно го обесхрабрува палењето на стрништата. Во Кина, постои владина забрана за палење на стрништата; сепак практиката останува прилично вообичаена. Во северна Индија, и покрај забраната од Одборот за контрола на загадувањето во Пенџаб, палењето на стрништа сè уште се практикува. Властите почнуваат да ја спроведуваат оваа забрана попроактивно и да истражуваат алтернативи. Палењето на стрништата е дозволено со дозвола во некои канадски провинции, вклучително и Манитоба каде што е проценето дека 5% од земјоделците го практикувале во 2007 година.
Наводи
Категорија:Земјоделство Категорија:Загадување на воздухот