The xx (транскрипција: екс-екс) ― англискa инди-рок група од Лондон, основана во 2005 година. Групата е составена од Роми Медли Крофт (гитара и пејач), Оливер Сим (бас-гитара и пејач) и Џејми Смит, познат и како Џејми екс-екс (битови и диск-продукција). Порано членувал и Барија Куреши (клавијатури и гитара). Групата е препознатлива по специфичниот минималистички звук кој содржи елементи на инди-рок, инди-електроника, инди-поп, дрим-поп и електро-рок.

Групата ја основале Медли Крофт и Сим откако се запознале додека учеле во училиштето „Елиот“; Барија Куреши им се приклучил истата година, а Смит следната година. Тие објавиле демо-снимки на нивната страница на Мајспејс и го привлекле вниманието на издавачката куќа Young Turks (денес Young) во сопственост на групата Beggars. Групата го издала првиот албум, xx, во август 2009 година. Албумот бил успешен и стигнал до трето место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, а списанијата The Guardian и NME, албумот го ставиле на прво и на второ место, соодветно, на нивниот список на најдобри албуми за таа година. Во 2010 година албумот ја освоил наградата „Меркур“. По издавањето на првиот албум, Куреши ја напуштил групата. Нивниот втор албум, Coexist, бил издаден на 5 септември 2012 година. Албумот добил позитивни критики и стигнал до прво место во Обединетото Кралство и петто место на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Групата го издала третиот албум, I See You, на 13 јануари 2017 година и стигнал до прво место во Обединетото Кралство и второ место на Билборд 200.

Дискографија

xx (2009) Coexist (2012) I See You (2017)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Англиски поп-групи Категорија:Британски ремиксери Категорија:Музички групи од Лондон Категорија:Музички групи основани во 2005 Категорија:Англиски електронски музички групи Категорија:Англиски инди-поп групи Категорија:Англиски електронски рок-групи Категорија:Музички групи основани во 2005 година