десно|мини| Островот Санта Лусија (Зелен ’Рт), воздушен поглед на северниот дел во 1999 година десно|мини| Поглед на островот Сао Висенте свртен кон Калхау и Монте Верде. Лево е островот Санто Антао. Санта Лусија е остров на архипелагот Барлавенто од Зеленортските Острови лоциран помеѓу Сао Николау и Сао Висенте, каналот Санта Лусија го дели островот Сао Висенте и е 8 км широк. Површината е 34,2 км2. Како и сите острови на Зелен ’Рт, тој е од вулканско потекло. Највисоката точка е Топона (395 метри). Островот Санта Лусија е 12,4 км долг и 5,3 км широк.
Административно не е дел од ниту една општина, туку е во јавна сопственост на покраината Зелен ’Рт. Санта Лусија е на пробниот список на светско наследство на УНЕСКО. Како природен резерват Санта Лусија е прогласена во 1990 година. Природниот резерват опфаќа 469 километри квадратни од океанот.
Островот никогаш немал постојани жители, а се користел за пасење животни. Во 20 век била изградена метеоролошка станица. Денес, рибарите од блиските острови Сао Висенте и Санто Антао ловат риба во водите околу островот.
Наводи
Надворешни врски Интернет страница на Санта Лусија во заштитените подрачја на Зелен ’Рт
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Зелен ’Рт